22.03.2024

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Нови и модерни апартмани во срцето на Скопје

Базата на приватни сместувања ни се надополнува со уште едни нови и модерни апартмани кои се наоѓаат во близина на Скопското Кале. Ви претставуваме ексклузивна понуда на шест комфорни апартмани, совршено сместени на ул. Самоилова 72а. Секој апартман е проектиран со цел да обезбеди максимален комфорт и интимност, опремен со дневна соба, кујна, трапезарија, две спални соби, два тоалети и две тераси, идеални за одмор и уживање.


Кујните се целосно опремени за вашиот удобен престој, а достапноста на брз Wi-Fi и приватен паркинг дополнително ја зголемува вредноста на вашето искуство. Секој апартман е проектиран да ги задоволи сите вашите потреби, со дневно менување на постелнината и пешкирите за секогаш чиста и свежа атмосфера.


Сместувањето во овие апартмани ви нуди идеална стартна точка за истражување на богатата историја и култура на Скопје, со непосредна близина до Скопската чаршија, плоштадот Центар и Американската амбасада. Одвојте време за прошетка до Скопското Кале и уживајте во неверојатните погледи и историски локации кои оваа област ги нуди.

За резервации и повеќе информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.