25.03.2021
Започнав да летам од 9 години за денес да се извишам на второто место на светската ранг листа
Започнав да летам од 9 години за денес да се извишам на второто место на светската ранг листа
Доаѓа април, а април за нас е месец кој ги најавува новите пролетни и летни авантури. Се согласувате нели? Април е месец кој ни најавува велосипедизам, нуркање, кајакарство или пак летање. Денеска ние ќе ви раскажеме една „летачка“ приказна, односно ќе ве запознаеме со човекот кој колку што е на земјата толку е и во воздух.
Запознајте го Борјан Јовановски, млад и успешен параглајдерист кој по низа на успеси и освоени натпревари од светски карактер, тој успева да го достигне второто место на светската ранг листа, кога само претходната натпреварувачка година (2019) освојува 10 медали од вкупно 12 натпревари. Ова нему му носи многу поени и го искачува на второто место на светската ранг листа.
Борјан за нашиот патувачки блог вели дека параглајдингот е дел од неговото секојдневие, нешто на кое е целосно посветен. Неговите почетоци датираат уште од 9 годишна возрат кога започнува со обука и го прави неговиот прв лет од школски терен.
Тој вели дека луѓето уште во историјата барале и откривале начини како да го достигнат летањето, како да бидат „птици“. Уше како мал сфатил дека овој спорт е поразличен од другите, дека нуди нешто кое што со никој друг спорт не може да се доживее. Потекнува од спортско семејство, семејство кое е целосно предадено на параглајдингот.
Гледајќи
ги неговиот
татко и брат како достигнуваат височини посакал и тој
да ја почувстува
слободата на летањето.
Скептицизам во поддршката не постоела. Успехот кој денеска гордо го носи се должи на поддршката од неговото смејство, како и Меѓународниот Славјански Универзитет кој покрај образованието му дава поддршка и во спортот, со чија помош набавил нова опрема која имала голема улога во достигнување на овие резултати.
Крушево е место на кое што ги извршува најголемиот број од неговите тренинзи. Крушевската планина и Пелагонија нудат одлични услови за параглајдинг, термичките струења и поволните ветрови во овој регион прават поволна клима за овој спорт, кое може да се потврди со фактот дека во Крушево секоја година се одржуваат голем број на натревари во параглајдинг, како и тоа дека Крушево станува препознатлива туристичка дестинација за параглајдеристите од Светот.
Оваа
година 2021, нивниот клуб „Параглајдинг
Клуб Делта“
ќе биде организатор на Светското првенство во прецизно слетување кое треба да
се одржи во месец октомври. Според правилата натпреварот ќе трае
четиринаесет денови.
Натпреварот ќе биде во прецизно слетување со тоа што натпреварувачите треба да се стремат да слетаат на центарот од определната мета, па така се собираат резултатите од сите серии и победува оној кој има најмалку негативни поени, односно оној кој слетувал најблиску до центарот на метата.
Борјан вели дека се
очекуваат околу 130 учесници од 28 различни земји, што ќе биде спектакуларен
настан, а
ова ќе биде една од можностите за сите оние кои сакаат да се информираат и
научат повеќе за параглајдингот.
Параглајдинг Клубот Делта има особени достигнувања во светски рамки, а во нашата држава е најуспешниот клуб од воздухопловните спортови. Светската воздухопловна федерација во изминатите години ги следи квалитетите на клубот и токму нив им ја даде честа да го организираат овој настан.
Пелагонија пак, нуди многу огромни рељефни услови за параглајдинг и повеќе од четири полетувалишта, како и поволни временски услови кои овозможуваат повеќе од 300 летачки денови во текот на годината.
Поради пандемијата со ковид, сите натпревари во изминатата 2020 година беа откажани. Веќе се потврдени датумите за Европските и Светските купови за тековната 2021 со надеж дека истите ќе се реализираат. Борјан се надева дека ќе го задржи овој континуитет со добри резултати и дека во скоро време ќе го освои самиот врв на светската ранг листа.
Тандем
параглајдингот е најлесниот, наједноставниот, најбезбедниот начин да се почувствуа
магијата на летањето, вели Борјан и додава дека за тандем параглајдинг не е потребно
никакво претходно знаење или искуство, може да проба секој, што би се рекло од
7 до 77 години. По десет минутна обука околу процедурата и опремата Вие ќе
бидете спремни да летате како сопатник заедно со вашиот параглајдинг
инстурктор. Се што треба патникот да прави е да ужива во погледите, во
слободата, во чувство да се биде птица.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово

Дали знаете дека може да ноќевате во македонската Кападокија?
Насловот во кој село Куклица го нарекуваме „Македонската Кападокија“ е со цел да ви потенцираме дека во Македонија има места кои треба да ги вреднуваме многу повеќе и да ги промовираме надвор од државата.

Вила во Демир Капија: Природа, активен туризам и гастрономија
Вила во Демир Капија