11.07.2022

Апартмани во Радожда со базен и прекрасен поглед кон езерото

Апартмани во Радожда со базен и прекрасен поглед кон езерото

Уште едни модерно скоцкани апартмани чии балкони нудат прекрасен поглед кон езерото од денеска се достапни во базата на Кајак за резервација.


Фото: Македонецот

Радожда е супер дестинација за оние кои се во постојана потрага по спокојот и оние кои сакаат комбинација од планина и езеро. Домаќинот Сашо кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак вели дека околината им овозможува на гостите да го исполнат своето време со доста активности.


Фото: Anita Palaceska

Овде се наоѓа познатата пештерска црква Св. Архангел Михаил која е една од највпечатливите во Република Македонија Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро. Оваа пештерна црква повторно е живописана кон крајот на XIV век, кога во Охрид и околината никнуваат многубројни споменици, придружени со процутот на сликарските работилници.


Овде се наоѓаат остатоците од античкиот пат Виа Игнација на околу 100 метри од апартманите, црквата Богородица, плажата Ливадиште, како и прекрасната плажа Треска.


Јаготка на шлагот е фактот дека сместувањето дозволува влез на домашни миленици што значи дека ви се овозможува да уживате со нив на патување.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Кире Кировски

    11.07.2022 23:09

    Цена за вилата двајца возрасни и теи деца ако можр?

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.