01.03.2021
Нашиот еколошки пчеларник е доказ дека Македонија е навистина медена земја
Нашиот еколошки пчеларник е доказ дека Македонија е навистина медена земја
Време е да почнеме да размислуваме околу пролетните патувања. Многу наскоро ќе се пробуди животионскиот свет во Македонија, а со тоа се пробудува и нашата желба за активно патување. Во наредниот период ќе ве запознаеме со предели во Македонија кои се идеални да се посетат на пролет и во лето.

Денеска ве запознаваме со браќата Благој Јовчевски и Нацо Јовчевски кои својот живот го посветиле на пчеларството и развиле прекрасна приказна која инспирира многу странски туристи. Нивниот пчеларник се наоѓа во Дихово, планинско еколошко село на Пелистер. Пчеларникот „БН“ е формиран во 2005 година, со желба да се произведе мед за домашна потреба, но за многу кратко време прераснува во фамилијарен семеен бизнис.

Браќата велат дека во 2014-та година започнале да развиваат „Апитуризам“ во Македонија. Според нив ова е првиот пчеларник во Македонија кој нуди апи услуги. Веќе во 2016-тата година ја отвараат првата апикомора, каде гостите можат да го почувствуваат мирисот на пчелите.

Извонредната
локација е таа што му дава предност на овој пчеларник.Самата местоположба
на селото Дихово нуди здрав
живот во чиста животна средина. Во моментот тие поседуваат преку 400
пчелни семејства кои се распоредени по падините на Баба Планина.
Пчеларникот е опкружен со овошни насади од малини, јагоди, цреши, вишни, јаболка, круши и така натаму.

Најголемиот број на гости се странските туристи, кои се присутни од април до септември. По секоја презентација, Нацо вели дека следува фотографирање на туристите со отворена кошница, дегустација на мед директно од рамката на кошницата, облекување во пчелрска опрема и многу други работи.

Странските туристи се
воодушевени од целото место, вели
Благоја. Тие коментираат дека од своите станови на 20-ти спрат гледат само облаци, а ова овде во Дихово за нив е вистински рај на земјата.
По едночасовното предавање и обука за животот на пчелите и процесот на производство на мед, гостите може да набават разни производи во соодветни амбалажи. Благој вели дека најмногу се бара шумскиот и ливадскиот мед, како и матичниот млеч.

Во зависност од тоа кој период ќе го посетите пчеларникот, може да учествувате во процесот на цедење мед, собирање полен, производство на матичен млеч, како и припрема на опрема со изработка на рамки. Покрај презантацијата за пчеларство (животот на пчелите и значењето на пчелите) посетителите имаат час по апитерапија, а во летниот период и селски ручек во селски двор во Дихово, со вкусни медени специјалитети.

Пелистер е идеално место за мир и благосостојба на пчелите. Нема загадување, нема вознемирување на пчелите и од сите страни има пчелни пасишта и неброени количини цветен нектар. Врвот Пелистер и неговиот пелистерски ветер е многу заслужен за идеалната водушна бања.

Секој кој е
заинтересиран да го посети пчеларникот, да се запознае со нивните услуги и да ги
искористи поволностите на овој пчеларник може да се јави на 075 269 535 или 075 443 795.
Воедно можете да
ги заследите на фејсбук профилот: „Pcelarnik
BN selo DIhovo“
Инстаграм: Pchelarnik BN
Е-mail:
[email protected] или [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?
Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?
Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.