10.08.2020
Каде можеме да отпатуваме на море во август без PCR тест?
Каде можеме да отпатуваме на море во август без PCR тест?
Кајак.мк ги следи трендовите на патувања во регионот, до сега актуелна беше Албанија и Јадранското море, но од пред една недела кога Република Бугарија дозволи транзит преку земјата без приложување на PCR тест, актуелни станаа и автобуските понуди во Турција.

Во моментот ви издвојуваме две понуди кои можеби ќе ви се допаднат:
Првата понуда со автобуски превоз е во Кумбургаз. Туристичко место кое е лоцирано на Мраморното море на само час и половина возење од центарот на Истанбул. Ова дестинација е актуелна по поразличниот концепт за летен одмор. Односно, за време на вашиот престој во Кумбургаз, вие имате одлична можност да отидете на крстарење по Босфорот, да ја посетите азиската страна на градот, да уживате на Таксим, Долмабахче или пак да искористите прилика да појдете во аквапарк.

Понудата за Кумбургаз е 199 евра за 5 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди на сама приватна плажа со бесплатни лежалки, појадок, користење на три базени (од кои едниот е со морска вода), спа: Сауна, џакузи, турска бања, фитнес центаро. Автобуски превоз и лиценциран водич кој ви организира тури во градот Истанбул.
Во Кумбургаз имате на располагање уште еден хотел со 3* за 169 евра со појадок и кој се наоѓа на сама плажа каде имате бесплатни лежалки за користење. Во ова цена е вклучен и автобускиот превоз и лиценциран водич кој организира екскурзии во градот Истанбул.
Терминот на реализација на турата е: 16-ти август. А повеќе информации можете да добиете на 076 791 157
Овие аранжмани се атрактивни, како што кажавме, по комбинацијата од плажа на море до истражување на градот на два континенти. Во програмата за петтиот ден е предвидено целодневно истражување на Истанбул и тоа:
09:30-КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).
13:30- УСКУДА
16:30- EMAAR SQUERE MALL во азискиот дел и плоштадот Таксим (Срцето на градот)

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро
kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.