24.04.2020
Чешка од вечерва ги отвара своите граници: Граѓаните ќе може да користат и летови!
Чешка од вечерва ги отвара своите граници: Граѓаните ќе може да користат и летови!
Чешката Република од вечерва ги отвара своите граници за излез од државата и патување во странство после успешниот пресврт, откако бројките покажуваат пад на стапката на нови инфекции од „Ковид-19“.
Овој потег, кој го најави министерот за здравство, Адам Војтич, претставува изненадувачка промена за земјата која беше меѓу првите кои ги затворија своите граници на 16-ти март.
(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Од RyanAir велат дека доколку се принудени на „идиотско“ социјално растојание- тие нема да летаат)
„Може да се патува во странство, а ако сакаат дури и на годишен одмор. Но, битно е кога граѓаните ќе се вратат дома да останат во двонеделен карантин, или да докажат дека се негативни на Ковид-19 со вршење на тест“, изјави министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех.

Лица во ред чекаат тестирање за Ковид-19 во Прага на 23.04 Photograph: Gabriel Kuchta/Getty Images
Со цел да не ја зголемат бројката на инфекции, заменик-министерот за здравство, Роман Пиммула, најави дека задолжителното носење маски ќе остане на сила барем до крајот на јуни. Што се однесува за движењето низ земјата, државата ги ограничува граѓаните на бројка од 10 лица, која претходно беше сведена на двајца.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола
Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти
Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје
Можни се здравствени пасоши за летување во Грција: Задолжително тестирање
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.