14.04.2024

Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство

Селска викендица во село Бадар идеална за цело семејство

За сите вас кои сте заморени од градските вреви и секојдневните обврски кои непрекинато ве опкружуваат, тимот на Кајак.мк прави напорти се со цел да ги пронајде сите селски викендици кои се опкружени со многу зеленила, а во кои можете да побегнете барем на викенд и да ги наполните вашите батерии.

Од денеска нашиот свет го надополнуваме со уште една таква викендичка. Ве водиме во село Бадар, поточно во населбата викана „Зад Град“ во близина на Катлановска Бања, каде запознавме уште едни домаќини кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк.

Оваа шармантна викендица располага со две удобни соби, секоја опремена со по еден единечен и еден брачен кревет, што овозможува сместување за до 6 лица. Замислете како утрото се будите со пеење на птиците, а денот го поминувате во недопрена природа, што ја исполнува душата со мир.


Иако викендицата не нуди Wi-Fi, многумина од нашите патувачи/авантуристи велат дека тој момент се покажува како благослов. За оние кои сакаат да се ослободат од дигиталниот свет и да се посветат на вистинските вредности: квалитетно поминато време со саканите лица, прошетки по обележани патеки, или возење велосипед кон Црн Врв се само дел од предлозите кои може да ги уживаат овде. Природата околу Бадар е исполнета со пешачки и велосипедски патеки, идеални за истражување и авантури.

Можете да одвоите време за посета на термалната бања со Спа центар, да го посетите висечкиот мост или да организирате пикник на брегот на реката Пчиња. Секоја активност ви нуди шанса да се поврзите со природата и да заборавите на секојдневниот стрес.

Вашите домашни миленици се исто така добредојдени во викендицата, што ја прави оваа дестинација уште повеќе привлечна за целото семејство. Повеќе информации, фотографии како и опција за Он-лајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!