26.12.2021
Дрвена планинска вила со камин и природно езерце во самиот двор
Дрвена планинска вила со камин и природно езерце во самиот двор
Ако има прашање кое денес често го поставуваме, тоа е прашањето: Каква музика би слушале со вашите најблиски додека престојувате во оваа уникатна планинска дрвена куќа која е изработена од природни материјали? Какви мисли ќе ви поминуваат низ глава додека уживате со чајот во рака и со поглед вперен кон природата која ве опружува или пак кон природното езерце коешто се наоѓа пред самата „Вила Гора“?

Без разлика каков и да е одговорот, тимот на Кајак.мк е среќен што од денеска ви обезбедува уште една уникатна вила на 1050 метри надморска височина и на само еден километар од граничниот премин Делчево.

Регионот кој никогаш не би помислиле дека нуди вакви уникатни сместувања, сега станува атрактивен за многу авантуристи поради планинарските и велосипедски патеки по кои може активно да ги исполните вашето слободно време и секако поради ниските цени кои може да си ги дозволи скоро секој.

Домаќинот Далибор вели дека објектот во моментот го резервираат луѓе кои сакаат да уживаат во природата, сакаат да ја заменат градската канцеларија со привремена планинска канцеларија од каде ќе може да работат он-лајн.

Она на кое тој е фокусиран во моментот е изградба на визба во карпите каде ќе може да се дегустира вино и ракија, како и изградба на сауна која ќе биде во склоп со објектот.

Вилата има две спални соби, огромен салон од 40 метри квадратни, опремена кујна и купатило. Има wi-fi за луѓето коишто сакаат да работат од лап-топ, а исто така има и прекрасен камин.
Знаеме дека
сакате да дознаете повеќе информации за вилата, да погледнете повеќе фотографии
и да извршите резервација. За повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Biljana Jovchevska
28.06.2022 12:20
Sredeno,mirno I ushte poubavo od ova na slikite.
-
Marija Manevska
11.01.2022 16:41
Prekrasno mesto za uzivanje so semejstvoto...topli preporaki od iskustvo
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија