13.11.2020

Неколку начини како да стигнете до Букурешт за европското првенство!

Неколку начини како да стигнете до Букурешт за европското првенство!

Факт е дека многумина од вас започнаа да размислуваат на темата: Како да стигнам на европското првенство и да ги проследам двата натпревари со Македонија кои ќе се оддржат во јуни наредната година во Букурешт? За третиот во Амстердам ќе споделиме наши совети во текот на наредните денови. 

Тимот на Кајак.мк се надева дека во 2021-ва година ќе му се вратиме на „мас-туризмот“, границите ќе ни бидат повторно отворени и ќе можеме повторно да нудиме и промовираме дестинации надвор од државата.

По историскиот успех кој го постигна Македонија со пласманот на европското првенство, многумина не водат грижа дали границите ќе бидат отворени, дали европското ќе се пролонгира и дали ќе може да отпатуваат, туку едноставно размислуваат за тоа како да се организираат навремено и да отпатуваат на денот „Д“ кога македонската копачка за првпат ќе згазне на европското првенство.

Во моментот можеме да споделиме со вас неколку опции за да отпатувате во Букурешт. 

И покрај тоашто географски Скопје и Букурешт не изгледа дека се многу далеку, сепак треба да знаете дека овие два града не се дирекно поврзани со авионска линија, што го прави патувањето до главниот град на Романија подолго за разлика од некои подалечни градови.

Авиокомпанијата „WizzAir“ има свои летови од Скопје и Букурешт, но сепак за да патувате со ова авиокомпанија треба да направите трансфер на трет аеродром кој ги поврзува двата града. Дали ќе имаат промени во иднина, тоа се уште е непознато. 

Во моментот како најпрактичен и најбрз начин да се стигнете до Букурешт е со автомобил, комбе или автобус по автопатот Македонија-Бугарија- Романија или пак Македонија-Србија-Романија. 

Автопатот Скопје- Софија- Плевен- Букурешт е во должина од 606 километри, а со автомобил е предвидено да стигнете за околу 9 часа и 30 минути, а додека пак Скопје- Зајечар- Букурешт е во должина од 775 километри и со автомобил е предвидено да пристигнете за околу 10 часа. 

Што се однесува до авионските линии, градови за прекачување во друг авион на релација Скопје- Букурешт се:
Истанбул: Доколку патувате со TurkishAirlines
Виена: Доколку патувате со Austrian Airlines
Белград: Доколку патувате со Air Serbia
Будимпешта: Доколку патувате од Скопје со WizzAir, а од Будимпешта летате со други компании како: Klm Royal Dutch Airlines, Lufthansa и други.

АВАНТУРИСТИЧКИ НАЧИНИ НА ПАТУВАЊЕ: 

Автобус: Скопје- Софија, па од Софија со воз до Букурешт
Доколку имате доволно слободно време, не сте обврзани со работа, можете да експериментирате при патувањето. Има комбинација од Скопје да појдете со автобус до Софија, а од Софија да продолжите со воз. Патувањето ќе ви трае околу 15 часа. 

Воз: Скопје- Солун, па од Солун со авион до Букурешт.
Во текот на летните месеци, низ Македонија поминува експресниот воз Белград- Солун. Еве ви интересен и авантуристички начин за како да стигнете до Букурешт. 

Автостоп или со велосипед
Дали сте пар или друштво авантуристи? Имате доста слободно време, но и храброст да се одлучите на ваков потег? Тогаш како најавантуристички предлог ви ги препорачуваме автостоп или велосипед. Велосипедите не ги ставаме во ист кош со автостоперите од причина што тоа е спорт и има луѓе кои може без проблем да го изведат тоа. 

Продолжете да го следите Kajak.mk наскоро ќе имаме и доста информации околу аранжмани на туристичките агенции, цени за ноќевања, престој, цени за билети и ред други работи. 

Важно: Информациите трпат измени. Во време на пандемија или нова летна сезона. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.