01.09.2020

Место кое вреди да се посети барем на еден ден

Место кое вреди да се посети барем на еден ден

Национален парк Пелистер со своето бо­гат­ство, разновидност и колорит претставува една од најзна­чај­ните вредности на биолошката разновидност на плани­ната Баба и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија. Тој е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија. За национален парк е прогласен уште во 1947 година. Површината на овој национален парк изнесува  17.150 хектари.




Национален  парк Пелистер е лоциран помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Се наоѓа во југозападниот дел на земјата, на северната падина на планината Баба. Паркот го добива името по највисокиот врв на планината – врвот Пелистер со надморска височина од 2.601 метар. Инаку, Баба е најјужна планина со алпски карактеристики на Балканот. И покрај тоа што зафаќа вака висок планински простор, овој национален парк е доста пристапен, а од Битола до неговиот локалитет Копанки има околу 15 км.


Пешачки и велосипедски патеки во Национален парк Пелистер

Најкарактеристични се патеките:
  • Велосипедска и пешачка патека до врвот Пелистер
  • Историска патека или патека за Првата Светка Војна
  • Патеката по камењарот е едукативно – показна стаза, којашто ги води посетителите на Националниот Парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. По должината на патеката се среќаваат пространи шуми од молика, ретка и ендемична флора и разни видови на релјефни облици ...

Национален парк Пелистер располага со детски одморалишта и детско едукативни тури. Во Национален парк Пелистер се наоѓаат Планинарски дом- Копанки и Планинарски дом- Димитар Илиевски Мурато.

Скијање во Национален парк Пелистер

Снегот на некои места на оваа планина може да се задржи дури до јули. Доколку сте љубител на скијањето или на прекрасните зимски пејзажи, тогаш задолжително дојдете на Пелистер и стоплете се со планинскиот чај што расте на оваа планина.


Информациите се преземени од: https://macedonia-timeless.com/



Дали може сакате да отпатувате на море без ПЦР тест за 139 евра? Имаме тргнување на 3-ти септември! Јавете ни на 071 227 847


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!