28.06.2022
Етно куќа со гостински соби во село Рамне достапни за престој
Етно куќа со гостински соби во село Рамне достапни за престој
Денеска имаме повеќе
убави четива кои ги споделуваме со вас, а сите три четива се поврзани со уникатни
сместувања кои се наоѓаат на симпатични надморски височини каде ветрето и
ноќите имаат улога да го изладат насобраниот работен стрес од сите нас.
Среќни сме што нашите локални херои „Пирустија Неданоски“ за кои сме пишувале доста, од денеска имаат уникатно сместување во новите етно гостински соби во село Рамне.

Домаќините се потрудиле да ја зачуват автентичноста на старата куќа, а да ги вметнат сите неопходни елементи кои ќе ви го овозможат престојот пријатен. Реновирано купатило, нов под над кој виснат страри симболични елементи, широки прозорци кои лесно ја внесуваат природната светлина внатре, какои традиционален дрвен балкон на кој можете да го пиете вашето кафе слушајќи го звукот од птиците.

Сместувањето се наоѓа во Националниот Парк Галичица. Околината е чиста, со богата природа и изобилува со многу вода. Во текот на летната сезона може да најдете многу бобинки и овошки, може да прошетате низ селските ливади, градини и лозја.

Вљубениците на добриот залак треба да знаат дека домаќините се дел од нашта база на „Гастрономија“, а кои се вистински мајстори кога станува збор за подготовка на домашна традиционална храна од локален и сезонски зеленчук и овошје.

Оние пак љубопитните кои сакаат да го истражат регионот, треба да знаат дека во околината се наоѓа црквата Св. Илија, манастирот Св. Атанасија, Хидроцентралата која може да се посети, шума со обележани пешачки и велосипедси патеки. Исто така недалеку од овде се Летничките извори, месноста Поник, селото Велестово по селски пат како и селото Велгошти по селски пат.


Природата која го
голта селото претставува воздушна бања, на само 3.5 километри од Охрид кој
јасно се гледа заедно со езерото.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација,
кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Biljana Ristovska
29.06.2022 23:56
Koja e cenata od prenokiste
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!