14.05.2021
Го промовираме туризмот во Црна Гора од сосема друга димензија
Го промовираме туризмот во Црна Гора од сосема друга димензија
Земја која треба да биде на вашата лица за патување во текот на престојната сезона е Црна Гора. Отворени граници, безбедна дестинација и многу прекрасни предели кои чекаат на вас.

Црна Гора е приказна сама по себе, а луѓето кои живеат таму се само уникатно дополнување на она кое ние би ги нарекле „Совршен туризам“. Почнувајќи од Бар па се до Котор, ова планинска земја има што да ви раскаже.

Но Црна Гора не е само Будва и Котор. Црна Гора има одлични планински дестинации и села кои се јаготката на шлагот ако добро ја искомбинирате вашата патувачка авантура.

Ние денеска ќе ви
дадеме уште еден предлог дестинација, која може попатно да ја заблажи вашата
морска и солена летна приказна.
Дел од вас сигурно сте слушнале за регионот на Колашин. Сместен во југоисточниот дел на Црна Гора, а препознатлив по тоа што во изминатите години добива се поголем број на туристи. Овде се наоѓа планината Бјеласица, на која веќе години наназад се инвестира во ски центарот.

Ние скршнавме до селото Селиште кое се наоѓа во подножјето
на ова планина, а каде не дочека Борко Степановиќ, кој заедно со неговото семејство го
развиваат пчеларството и туризмот во регионот.
Борко ни раскажува дека љубовта кон пчелите ја добил од неговиот татко, кој започнал да се занимава со пчеларството додека студирал во Белград. Борко уште како мал му помагал при собирањето на медот и оддржувањето на живеалиштата на пчелите. Од првиот ден, па се до денес, Борко вели не може да го замисли животот без пчелите.

Со тек на време бизнисот со плечите пополека расте, а тоа привлекува голем број туристи заинтересирани за начинот на производство. Нивната местоположба останува иста, а со тоа пчеларникот „Степановиќ“ прераснува во еден од најдобрите производители на мед во регионот поради самата планина Бјеласица на која растат повеќе од илјада различни планински билки кои го прават медот од пчелите доста лековит.

Регионот се
одликува по зачуваната природна средина, каде нема изградено фабрики или слични
загадувачи, што е важен предуслов за производството на квалитетен мед.
Она што е доста интересно во работата на пчеларникот е фактот дека во текот на цела година, тие преселуваат одреден дел пчелни сандаци на разни интересни локации ширум Црна Гора, како би имале разни видови мед. Од ливадски, планински, шумски и мед од пелин.

Денеска, нивната фарма ја посетуваат бројни туристи од цел свет. Каде покрај дегустацијата и запознавањето со процесот на собирање на медот, може да дегустираат и разни специјалитети како што се „Медовина“, „Медовача“, прополис, суво овошје во мед, разни ликери и друго.

Борко вели дека, за секој турист има соодветна заштитна опрема, а интересно е тоа што многу од туристите за првпат се среќавале со пчели и поставувале доста интересни прашања. Тој додава дека секој заинтересиран може да помогне во процесот на вадење мед од кошниците, а во иднина размислува и за отварање на апи комори каде ќе ја вклучат апи терапијата во својата понуда.

Семејството
Скепановиќ се занимава со пчеларство скоро 50 години. Борко е горд на неговиот
татко кој се одлучил да го напушти Белград и да се врати во родното село каде
ќе инвестира во нешто вакво. На почетокот се започнало како хоби, но денеска
ова фарма има над 150 пчелни семејства, што му дава значење на мал семеен
бизнис.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.