22.09.2022

Есенска гастро дестинација: Гостилница „На валајци“

Есенска гастро дестинација: Гостилница „На валајци“

За патувачите- метереопати кои никако не можат да го прифатат завршување на летото и почетокот на есента, тимот на Кајак.мк чувствува одговорност да им изнајде милион предлог дестинации, со кои ќе докажеме дека есента има своја убавина и дека секое годишно време треба да го уживаме со своите предности.


Нам како особено драга есенска дестинација која им ја препорачуваме на сите патувачи е село Слоештица, Демирхисарско. За многумина познато како родното место на Петре М. Андреевски.


Селцето се наоѓа на околу 800 метри надморска височина, опколено со густа дабова шума од Плекенската планина и одличен терен за есенски прошетки и фотографирање на златните бои на есента.


Есента има свој специфичен мирис. Доколку одлучите да го посетите селото, наш совет е пешачете подолго време во природа, како би го почувствувале мирисот на свежиот планински воздух и паднатите лисја.


По завршувањето со прошетката, нашиот тим ви препорачува да ја посетите гостилницата „На валајци“, која е правото ехо на минатото за валавиците и водениците.

Гостилницата е изградена во карактеристичен македонски етно стил, а во комбинација со природата ќе ви помогне да заборавите на проблемите и стресот. Овде поминува „Бела Река“, нејзиниот шум додека вие уживате во гостилницата ќе го надополни задоволството.


Она што е уникатно за гостилницата е силното гргорење на водата од Бела Река која паѓа од високо, по две букови цевки, влегувајќи во вртолог кој води до селото.


Ваквите валавици и воденици се изградени во 19-ти век и имале намена да валање на јамболии. Во тогашното време валањето се правело за ресата од ткаената јамболија да се развласи и да се стегне. Денеска домаќините на гостилницата велат дека валавицата во нивната гостилница е останата како примерок кој сведочи за традицијата и начинот на живот од пред втората светска војна.


Во Ресторанот може да вкусите свинско и јагнешко печено во фурна на дрва како препорака од тимот на Кајак.мк

Гостилницата„На валајци“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк, а доколку сакате да ја погледнете точната локација и да добиете контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Hristina Gurkina

    30.08.2024 09:43

    Благодариме за привлечните информации и за живописните слики. Селото и местото изгледаат прекрасно, вреди да се посетат.

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!