16.02.2022

Градиме еколошка приказна и ги поддржуваме локалните произведувачи

Градиме еколошка приказна и ги поддржуваме локалните произведувачи

Уште една прекрасна приказна ни пристигнува во светот на Кајак.мк. Овојпат таа е од две девојки хероини кои со здружени сили произведуваат козметика која има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните, да ги поддржи локалните произведувачи и да им докаже на младите луѓе во Македонија дека и овде може да се успее доколку се вложи љубов во тоа што го работат.


Тимот на Кајак.мк ви ги преставува Андријана Васиќ и Бисера Крстевска, основачи на BLOOM, македонска фирма за рачна изработка на веганска, природна козметика која веќе четири години по ред е присутна на македонскиот пазар. За Кајак овие две девојки се дел од нашата листа на локални хероини кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија.


Наместо да ја преточиме приказната преку со наши зборови, овојпат одлучивме ова да биде интервју кое додека го читате со кафето во рака ќе ве поттикне да размислувате еколошки и да се заинтересирате за нашите продобивките кои ги има нашата природа.


Кајак.мк: Се радуваме што имаме вакви иновативни жени во државата. Би сакале да ни кажете што ве поттикна да започнете еден ваков бизнис?
ВLOOM: Отсекогаш сме имале интерес кон рачната изработка. Долги години пред да почнеме да ја продаваме нашата козметика, ја изработувавме за наши лични потреби, за блиски пријатели и роднини, така всушност и започна нашата приказна. Луѓето почнаа да нѐ дознаваат и да имаме сѐ поголема побарувачка и интерес за продажба. Така и ја отворивме нашата фирма.


Кајак.мк: Какви производи може да се најдат во вашата понуда?

BLOOM: Дел од нашите производи се: сапуни, кремови за лице, кремови за сончање, дезодоранси, балзами за усни, мелеми, путери за тело и лице, пилинзи за тело и лице, пилинзи за усни. Во тек е и спремање на нови производи, така што наскоро ќе имаме и проширување на палетата на производи.


Кајак.мк: Која е процедурата на изработка?
BLOOM: За изработка на нашите производи користиме исклучително масла и билки со висок квалитет, во производите најчесто употребуваме состојки од локални произведувачи и ретко нарачуваме од странство затоа што секогаш се трудиме да ги поддржиме нашите локални произведувачи. Некои од билките што ги користиме во производите ги береме сами, а и многу од маслата што ги користиме исто така си ги изработуваме самите.


Кајак.мк: Ова што го слушнавме е доста интересно. Но, која беше главната мотивација која ве привече да се посветите на ова? Дали можеби потекнувате од семејство кое исто така се занимава со нешто слично? Кој ви го пренел знаењето?
BLOOM: Вештината доаѓа од нашите предци. Тие биле многу вешти во создавање и работа со и низ природата, имале големо знаење и љубов за билките, нешто што за среќа ни го пренеле и нам. Рачно и во многу потешки услови од ние сега, изработувале секакви креми, мелеми, сапуни..


Иако често во старите рецепти се случува да има состојки од животинско потекло, ние решивме да го изоставиме тој дел од нашите производи и да се посветиме само на производи од растително потекло. Искуството го стекнуваме цел живот, од почетоците со набљудување на изработката, сѐ до самата изработка, создавање и испробување на свои рецепти. Имаме голема љубов кон постојано учење на оваа тема, истражување на природата, осознавање на својствата на билките и нивна употреба во секојдневниот живот.


Кајак.мк: Што најмногу ги привлекува вашите купувачи? Што најчесто прашуваат?
BLOOM: Најмногу внимание привлекува самата изработка на производите, луѓето често нѐ прашуваат како ги изработуваме и се интересираат за целиот процес на изработка, особено за изработката на кремовите. Нешто што сме приметиле дека ги привлекува луѓето сѐ повеќе и ни е многу драго поради тоа, е нашиот еколошки пристап кон нештата. Како наша амбалажа за производи користиме исклучително хартија и стакло, исто така стаклената амбалажа е повратна, што значи дека може да ни ја вратите при наредна нарачка и за тоа ќе добиете симболичен попуст како мотивација повеќе да се грижиме за отпадот што го оставаме позади нас.


Кајак.мк: Ви благодариме на одвоеното време. Кајак.мк со сигурност ќе соработува со луѓе како вас во делот на нашата онлајн бакалница, но дотогаш ќе имаме многу прашања од наши патувачи, луѓе кои трагаат по нови искуства и сигурно дел од нив ќе ги побараат вашите производи. Каде може да ве најдат?
BLOOM: Луѓето што се заинтересирани да купат производи можат да нѐ контактираат и да нарачаат на нашите страни. https://www.instagram.com/bloom.mk/ https://www.facebook.com/bloom.natural/ Работиме со испорака низ цела Македонија.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?

Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.

7 природни места во Македонија за летно капење и разладување

Не се само езерата за летно освежување. Откријте 7 природни места во Македонија за капење и разладување, од реки и планински вирови до водопади и скриени места во природа.

Кога последен пат сте биле туристи во сопствената земја?

Откријте ги убавините на Македонија од поинаква перспектива. Идеи за излети, викенд патувања, скриени места, природа и автентични доживувања што можеби ви се поблиску отколку што мислите.

Целосно затемнување на Сонцето 2026: Патување до најголемиот небесен спектакл во Европа

Откријте го целосното затемнување на Сонцето во 2026 година и најдобрите места во Европа за уникатно патување исполнето со природа и астрономија.

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.