27.10.2021
Aктивен викенд на Пелистер со Шпаркасе Банка
Aктивен викенд на Пелистер со Шпаркасе Банка
Ноември е месец кога треба да ги искористиме слободните сончеви денови за активности во природа или пак да прошетаме на некои уникатни дестинации во Македонија.

Во наредните неколку денови со вас ќе споделиме интересни совети за тоа каде да прошетате на викенд и да ги наполните батериите за нова работна недела. Ние изминатиот викенд бевме на пет дестинации во државата заедно со вработените на Шпаркасе Банка.
Ја имавме можноста да им организираме еден уникатен викенд со вработените од Шпаркасе Банка, а кои се покажаа како вистински ентузијасти во чекорите кои ги направија и темпото на движење кои го постигнаа при реализација на турите.

Она што најмногу не радува е фактот дека Шпаркасе се покажа како одговорна компанија која одлучи да ги поддржи нашите локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развој на туризмот во Македонија. Исто така, драго ни е што компанија како Шпаркасе, ја разбира потребата од организирање на активности во природа за своите вработени, каде преку вакви настани ги поттикнува да бидат физички активни во природа.

Првата од петте
дестинации е Пелистер. Националниот парк во ноември го препорачуваме на сите
вљубеници во есенската идила, но и оние кои се заинтересирани да слушнат повеќе
информации од историски аспект.
Турата беше предводена од нашиот локален водич Рубин, кој за запозна групата со доста интересни факти за националниот парк. Имавме можност да уживаме по историско-едукативната планинска патека „Прва светска војна“.

Во Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење. Прошетката по историско едукативната патека низ живописната природа на Националниот парк Пелистер, е одлично искуство за тимот и одлична можност за посетителите да дознаат повеќе за Првата светска војна.

Патеката започнува од Инфо центарот во Пелистер, во кој исто така е поставена и музејска поставка за Првата светска војна и за растително-животинскиот свет на Националниот парк. Патеката завршува во близина на Хотел Молика. Патеката е добро обележана со многу места за одмор, видиковец и информативно едукативни паноа.

По завршување на планинарската тура, групата го посети домот на една од нашите хероини од битолскиот регион, каде имаа можност да дегустираат специјалитети кои инспирираат микс од автентични вкусови подготвени од La Sandra.

Битолчанката Сандра е жената која е чувар на македонското гастрономско наследство, специјалитети подготвени на традиционален- модерен начин. За Сандра велиме дека е македонската Ана Рош. Во нејзиниот двор се осеќа македонската гостопримливост, а храната ќе ве прошета низ времето.

Од локално
произведена храна, домашни ликери и пунч, сето ова беше само дел од менито
подготвено од нашата хероина.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!