27.07.2020
Во текот на август Грција ќе се отвори и за крузерите
Во текот на август Грција ќе се отвори и за крузерите
Август е месецот кога ќе отвориме и за крузерите, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервју за грчката телевизија „Скај“ и додава дека сѐ уште не е одреден конкретен датум, но изрази надеж дека тоа ќе биде првата половина од следниот месец, јави дописничката на МИА од Атина, а пишува сител.ком.мк
Теохарис објасни дека минатата седмица, министерската одлука веќе поминала пред надлежната комисија.
-Август е месецот кога ќе отвориме. Немаме одлучено конкретен датум. Верувам дека во првата половина на август ќе може земјата да отвори за крузерите. Веќе ги имаме првите компании што се подготвени да отворат. Три плус три помали, значи шест компании изразија интерес до нашето министерство за да почнат со крстарења, рече Теохарис.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во текот на оваа недела се очекува надлежните во Грција да ги усвојат и да ги финализираат европските упатства за екипажот и патниците на крузерите што ќе пристигнуваат на грчките пристаништа.
Меѓу правилата на ЕУ за работата на бродовите за крстарење, како што пренесува АНА-МПА се и 60 отсто патници од вкупниот број наведени во сертификатот за безбедност на бродот; задолжително мерење температура на патниците и членови на екипажот пред влегувањето; одредување кабини за изолација во случај кај некој од патниците да се појават симптоми на Ковид-19 и сл.
Извор: Сител.ком.мк
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!