22.09.2020

Но зошто да не го посетите селото Подгорци?

Но зошто да не го посетите селото Подгорци?

По препорака на Фатима Далипоска која испрати неколку фотографии до Кајак.мк, ние ви го препорачуваме селото Подгорци — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.


Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица. Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 12 километри.

Што можете да посетите во ова село:

Археолошки наоѓалишта
  • Сред село — некропола од доцноантичко време; и
  • Црква — средновековна црква и некропола.
Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во 1845 година, а фрескоживописана во 1847 година за време на султанот Абдул Меџид. Осветена е од надлежниот архијереј Дионисије;
  • Црква „Св. Јован Владимир“ — гробјанска црква, изградена во 1924 година, не е осветена; и
  • Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — обновена црква, камен-темелник е осветен и поставен во 1995 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
Други црковни светилишта
  • месност „Света Петка“ — збирно место со икона на кое треба да се гради црква
Џамии
  • Џамија — главна селска џамија
Езера
  • Подгоречко Езеро — ледничко езеро на Јабланица


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.