25.09.2020
Поминавме 193 километри со велосипед и пешачење: Затоа што ова ни е сонот!
Поминавме 193 километри со велосипед и пешачење: Затоа што ова ни е сонот!
Почитувани читатели и патници на првиот туристички сервер Кајак.мк. До нас пристигна едно добро четиво од Јорданчо Цветановски кој е млади ентузијаст, велосипедист и љубител на природата.

Патеката на Јорданчо заедно со Шимбов, е повеќе од туризам, таа е лекција дека се што се сака се може.
Како што вели тоа, дводневната велосипедско-планинска тура од Скопје, преку Попова Шапка, Долна Лешница па се до Титов врв е нешто што ќе го памети и раскажува.

Неверојатната тура преку ова уште поневеројатна природа, која ја поседува нашата Шар Планина.Турата, како што вели тој, ќе ја памети по водопадите и ШАРПЛАНИНЕЦОТ кој бил верен другар во неделата.
Еве како тој ја опишува рутата:
Ден 1
- Тргнавме во 04 часот утрото во саботата од Скопје и преку Попова Шапка се упативме кон неверојатната Долна Лешница. Под сенка камен ладно, на сонце исто. Преубава природа и ги посетивме кадите на Кривашија, чија вода е кристално чиста.
Ден 2
- Утрото во 06.10 часот тргнавме од хотелот Конак, каде што бевме сместени и пеш се упативме кон Плат и Среден камен. Тогаш од Конак ни се придружи младиот шарпланинец, кој имаше незгодна средба со неколку кучиња кои си чуваа територија.
Но, го преживеа тоа и продолжи да не следи. На места и каде тешко човек се качува, тој без проблем газеше и на секое изворче моравме да го чекаме за да се напие вода. Ја користеше секоја сенка да си прилегне, му беше жешко од сонцето. Го нахранивме, а кај водопадот на Горна Лешница каснавме и ние.
Продолживме кон седлото на Среден камен, на кој не се качивме до горе, затоа што немавме време. И следуваше завршен удар - преку карпите до Титов врв па Мал Турчин и од зимската патека да си дојдеме во Конак, каде не чекаа точаците. Кучето веќе беше преморено и на Титов врв не реагираше на нашите свиркања да дојде, а не сакавме да го оставиме само. Таман се упативме кон Мал Турчин, еве го пријателот, одма ни се придружи“.


Собра сили и го продолжи патот со нас и заедно тројцата се вративме во Конак, а после вечерата со точаците си се вративме во Скопје.
Изминати километри
-Планинарење 28, со 2300 елевација
-Возење 165 со 2750 елевација
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!