23.02.2022
Одгледувам микробилки: Луѓето коишто ги вкусиле ја знаат различноста
Одгледувам микробилки: Луѓето коишто ги вкусиле ја знаат различноста
Можеби нашето денешно четиво не соодвестува на туризмот во Македонија, меѓутоа со голем ќеф ја споделуваме приказната на Сања Бачевски која е дипломиран инженер по хортикултура.

Сања има интересен пристап во одлгедувањето и продажбата на растенија. Но овојпат зборуваме за растенија кои се во првата фаза од растот и развојот, а таквата варијанта растенија се нарекуваат микробилки. За оние кои првапат го слушат изразот, тоа е зеленчук кој е поголем од никулец, а помал од беби зеленчук, но сепак идеален за конзумација.

Сања вели дека тоа се истите зеленчуци кои ги јадеме секојдневно, само што се берат во првата фаза на раст и развој. Технологијата на производство е многу поразлична од класичното одгледување на зеленчук. Ваквите микробилки се одгледуваат во простор кој е под строго контролирани услови, со особено внимание на температурата, влажноста, светлината и водата. Семето треба да биде органско, нетретирано, а исто така во текот на производството да не се користат никакви хемиски препрарати и да биде органско.

Сигурно се запрашавте како се конзумираат?
Микробилките се конзумираат исто како и другите салати. Важно е тие да бидат во свеж облик, наместо термички обработени. Ваките свежи растенија се идеални за додатоци во сендвичи, чорби, месо, паста или било кое јадење. Секоја микробилка има специфичен вкуст, што значи дека може да се комбинира според вкусовите на готвачите.
Микробилките содржат многу повеќе витамини, минерали, аминокисели, антиоксиданси за разлика од истите зеленчуци кога се созреани. Некои од нив содржат и до 40 пати повеќе нутритенти од истата созреана билка. Имаат многу специфички вкусови, интензивни бои и декоративни стебла. Ваквите билки може да се произведуваат во мал простор, што значи дека можете да ги произведувате во станот во којшто живеете.


Сања вели дека има се поголема побарувачка, особено во Охрид, каде што таа живее. Таа е дирекно поврзана со ресторани и хотели кои им служат храна на туристите. Покрај рестораните, Сања вели дека полека се буди свеста и кај луѓето за конзумирање на здрави растенија како што се микробилките.

Доколку сакате да стапите во контакт со неа, можете да ја посетите нејзината страница Sanja’s microgreens.
Коментари
-
Suncica Spasovska
24.02.2023 15:35
Mnogu mi se dopagja
-
Sonja Filevska
01.04.2022 20:55
Браво, секоја чест. Дали има можност за достава до Скопје? Прва прилика во Охрид ќе ги вкусам микробилките. Поздрав
-
Mirjana kostovska
26.02.2022 06:31
Kako do vasite proizvodi. Tel ili adresa
-
Vskresija Boeva
24.02.2022 09:31
Bravo. sekoja ti čest bi sakala da gi isprobam. Dali može da se nabavat vo sekoe vreme
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.