22.05.2024
Тим билдинг со вистинско селско гастрономско искуство
Тим билдинг со вистинско селско гастрономско искуство
На тивка селска локација, со локална селска храна и со прекрасни луѓе, вака ни помина уште еден прекрасен тим-билдинг со компанијата Supreme Mobility. Еднодневно патување кое ни резултираше со многу забава и насмевки. Самите набравме зеленчук директно од бавчата, сами подготвивме салата и уште што нѐ.

Тимот на Кајак.мк се фокусира да ги вклучи сите локални домаќинства, сите локални херои и локални знаења во своите тим билдинг програми кои ги спроведува за македонските и странски компании во Македонија. Добар пример за успешно скоцкани локални искуства е оваа патување кое го реализиравме изминатиот викенд.

Вработените во компанијата Supreme Mobility во текот на еднодневната авантура имаа прилика да дегустираат барикни вина дирекно од подрумот на винаријата Queen Maria, но и да научат нови вештини како што е принципот за изработка на домашни сапуни и украси од епоксидна смола. Сето ова надополнето со трпеза богата со вкусна локална храна приготвена на селски традиционален начин.

Забавните игри кои ги спроведува нашиот тим само дополнително ја потврдуваат сплотеноста и колегијалноста на компанијата која можевме да ја забележиме на терен. Но таквите фотографии ќе ги оставиме за наша приватна галерија.

Драго ни е што ваквите компании како Supreme Mobility знаат како
преку своите тим билдинг патувања да им дадат поддршка на локалните економии.
Покрај забавата и храната, Supreme Mobility имаше директен финансиски бенефит
врз локална винарија, како и кон наши две локални хероини кои се занимаваат со
изработка на домашни сапуни, накит и украси.
Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете со еден
клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!