21.11.2023
Отворивме хотел за домашни миленици: Место каде гостите оставаат строго позитивни рецензии
Отворивме хотел за домашни миленици: Место каде гостите оставаат строго позитивни рецензии
Среќа е да се работи со вакви гости кои имаат искреност и љубов во очите. Со вакви зборови нашата нова домаќинка Неда ни ја раскажа приказната за новиот хотел за домашни миленици од Тетово кој воедно ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк.

Сместувањето од денеска можете да го најдете во базата на
сместувања на Кајак.мк во регионот на Тетово и да извршите резервација за
престој на вашиот најблизок пријател.
Имајќи ги предвид безбедноста и удобноста на милениците, како главен фокус на хотелот е да создадат современ престој во кој миленичињата ќе се чувствуваат релаксирано за време на престојот. Токму затоа, Неда вели дека може да сместат до 8 миленици во исто време, а кои ќе престојуваат во сопствени, приватни апартмани.

Во овој хотелможе да престојуваат кучиња и мачки. Бидејќи секој миленик е посебен – сместувањето нуди програма која е специјално дизајнирана според потребите на секој миленик. Сите миленици престојуваат во апартмани кои се под 24/7 надзор преку видео камера, во простории со вентилација и регулирана температура. Внимателно се пристапува кон задоволување на потребите на секој миленик, вклучително и придржување кон одредени рутини за исхрана и физичка активност и администрација на лекарства.

Кучињата имаат пристап кон игротека во затворен простор и игротека (двор) на отворено, каде имаат можност за дружење и социјализација со други кучиња (по желба на сопственикот) под надзор на вработените или можност за самостојна игра и физичка активност.

Со оглед на тоа што
хотелот за миленици е дел од ветеринарна клиника, со високо обучен кадар,
милениците освен што имаат 24/7 нега од страна на доктори и техничари по
ветеринарна медицина и исто така, имаат и опција за одредени медицински
интервенции. Во склоп на клиниката,
се наоѓа и груминг салон, па за време на престојот миленикот има опција за
дополнителни груминг третмани.
Доколку сакате повеќе
информации, фотографии како и дирекно испраќање на барање за резервација
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.