19.11.2020

Зошто да не престојувате на винарија? Во ова винарија има спокој и мир!

Зошто да не престојувате на винарија? Во ова винарија има спокој и мир!

Не секој сака да престојува на планина или на езеро. Не секој сака кога се отворени границите да појде на море, има луѓе кои обожаваат да истражуваат региони кои се богати со храна. Денеска имаме еден таков специфичен регион. Микс на храна и историја. Можеби ќе бидете изненадени, но винарија има и во областа на Кокино. Истоимениот Kokino Winery&Hotel е мал хотел кој се наоѓа на крајот од Куманово во прекрасно опкружување на преубава градина со голема тераса.

Има дегустација на 5 сорти на вино, прошетка низ винарија, едукација за процес на производство, фамилијарна атмосфера, а се наоѓа на само две минути од Ресторан Палас. На само неколку км се наоѓа најпознатата опсерваторија Кокино, по која и самиот хотел го носи името.

Сместувачки капацитет се наоѓа на само 3,5 км од центарот на Куманово, односно на 500 м од стара Куамновска бања. Мегалитска обсерваторија Кокино се наоѓа на 30 км од градот и од винаријата, но на само неколку км од лозовите насади. На неполни 2 км се наоѓа сеуште недоволно прочуената Бислимска клисура која нуди неочекуван пејсаж и доживување за посетителите. 

 

Објектот располага со 15 легла, просторија за појадок на гостите, место за дегустација на вино, како и прекрасно опкружување каде може да се поминат незаборавни моменти дегустирајќи од многуте типови вино кои се наоѓаат на нашата винска карта.

Секеко највпечатлив момент за секој посетител е винаријата каде се преработува грозјето и одлегува виното.


Информации и резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.