06.05.2022

Фантастична вила во Велестово во која секој би сакал да престојува

Фантастична вила во Велестово во која секој би сакал да престојува

Во базата на Кајак.мк од денеска е достапна уште една фантастична планинска вила која се наоѓа во Велестово. Магичното селце кој нуди неверојатен поглед кон Охридското езеро, залезот на сонцето над Охрид и хоризонтот кој се протега во албанскиот дел.


Велестово е селце сместено на падините на планината Галичица и дефинитивно нуди еден поинаков одмор исполнет со мир и тишина.

Вилата која можете да ја резервирате преку базата на Кајак.мк е совршено место за бегство од реалноста и турбулентниот начин на живеење.


Оние кои сакаат да го посетат Велестово и да престојуваат во вилата, совет на Кајак.мк е тоа да го реализраат во текот на пролетниот и летниот период кога селото е проголтано од густото зеленило.

До Велестово се пристигнува со искачување на угорнина која е долга околу 5 километри, почнувајќи од патото кој е во близина на бензинската пумпа на кружниот тек на булеварот „Туристичка“, непосредно пред да тргнете по патот кој води од Охрид до Свети Наум.


Треба да знаете дека нема автобуски линии до селото, со што како единствено превозно средство ви е автомобилот или мини комбе, а за нашите активни патувачи кои ќе се одлучат да го посетат селото и да престојуваат во вилата треба да знаат дека ќе треба да пешачат повеќе од еден час.

За они пак кои немаат автомобили или не им се пешачи, овде е такси превозот кој кошта околу 200 до 300 денари во правец.


Во Велестово има малку жители кои постојано живеат овде, нивната бројка не изнесува повеќе од 50 лица.

Повеќето од куќите во селцето се викендици и вили за изнајмување, а може да се забележат и хостели.

Оние кои живеат овде се претежно пензионери кои одгледуваат добиток, главно магариња, кози, овци и коњи. Селото е многу тивко преку целиот ден, а она кое можеби секојдневно ќе го слушате е звукот на птиците.


За оние кои ќе се одлучат да престојуваат во Велестово им препорачуваме да понесат со себе палто, бидејќи летните ноќи овде знаат да бидат доста свежи, а сигурни сме дека тоа ќе му годи на секој кој сака да се одмори.


Ако сте за планинарење, тренинг или планински велосипедизам, Велестово е одлична почетна точка од каде можете да ги истражувате убавините на Националниот парк Галичица. Постојат неколку пешачки патеки, кои се движат од лесни до тешки, и сите од нив имаат привилегија да гледаат на Охридското Езеро по целиот пат. Покрај планинарењето и уживањето во спокојството на околината, во Велестово нема многу што можете да направите во текот на годината. Во летниот период е доста раздвижано и се организираат неколку собири за уметност и литература во јули и август. Но, во Велестово царува спокојството.


Викендицата која ја додаваме во базата на Кајак.мк е именувана како „Боите на ветрот“ поради прекрасната положба, стурењето на климата и поради феноменалниот поглед кој го нуди балконот на вториот спрат.

Повеќе инфо за сместувањето, контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кога последен пат сте биле туристи во сопствената земја?

Откријте ги убавините на Македонија од поинаква перспектива. Идеи за излети, викенд патувања, скриени места, природа и автентични доживувања што можеби ви се поблиску отколку што мислите.

Целосно затемнување на Сонцето 2026: Патување до најголемиот небесен спектакл во Европа

Откријте го целосното затемнување на Сонцето во 2026 година и најдобрите места во Европа за уникатно патување исполнето со природа и астрономија.

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.