13.04.2021

Се заљубив во риболовниот спорт уште на 10 години

Се заљубив во риболовниот спорт уште на 10 години

Никогаш нема да ви е достадно во животот ако сте риболовец во Македонија. Од една страна ќе бидете во постојана акција и авантура, а од друга страна, слободното време дома ќе може да го надополните со гледање едукативни емисии поврзани со рибите.


Фото: Endri Killo

Македонија е рај за рибарите. Без разлика што не излегува на море, таа има брзи реки, огромни езера и вештачки брани кои се предизвик за секој љубител на риболовот. Во Македонија има многу страсни љубители на риболовот. Доколку тргнете по течението на реката Вардар, од северот па се до југот, вие ќе запознаете многу луѓе кои ќе ви ги раскажат животните приказни и како се заљубиле во спортот.

 

Луѓето кои се одлучиле за овој спорт, ние ги ставаме во посебна категорија. Тоа се луѓе кои се одлучиле да му се препуштат на спокојот и поголемиот дел од живот да трагат по мир и тишина.

 

Во централниот дел на Македонија, живее Лазар Рибарски. Лазар живее и работи во Градско. Доколку појдете овде, ќе сфатите дека скоро сите жители го познаваат. Позитивна личност која слободното време наместо на социјалните мрежи го користи за риболов. Лазар вели дека така го пронаоѓа мирот. Овој спорт му помага да побегне од секојдневниот метеж и да ужива покрај Вардар.

 

Ни дели дека во риболовот се заљубил на 10 години. За него ова е љубов на прв поглед. Започнал да го учи спортот од неговиот татко и со трската на неговиот чичко, бидејќи во тоа време не поседувал сопствена.

 

Денеска тој е искусен рибар. Посветен е на изучувањето на рибите и нивниот начин на живеење. Лазар вели дека ова е скап спорт. Треба опрема, легална дозвола, почитување на правилата и ред други работи.

 
Фото Жарко Трајаноски

Тој вели дека обожава да се расправа со рибите грабливци и затоа лови со спин. Омилена река му е Вардар и не би ја заменил со друга. Кога нивното на реката е високо, тогаш заминува на Дојранското Езеро кое изобилува со црвеноперка и карас. Тиквешкото езеро го сака поради крапот и кленот, а вели дека Дрим е исто така доста богат со риба. Западниот дел на Македонија го сака и поради прекрасната природа.

 

Најголемата уловена риба му достигнала 32 килограми. Рибите кои ги лови ги приготува во својот ресторан во Градско кој го носи називот „Кај Лаки“. Ресторанот се наоѓа во самиот центар, а каде може да ги вкусите неговите специјалитети подготвени по рецептите на кујната. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!