25.02.2021
Вила на Горна Белица на 1420 метри надморска височина достапна за изнајмување
Вила на Горна Белица на 1420 метри надморска височина достапна за изнајмување
Талкајќи и копајќи по интернетот, случајно налетавме на една прекрасна вила која се наоѓа на Горна Белица. Село кое секој би сакал да го посети, а сигурни сме дека малкумина од вас слушнале за селото. 
Горна Белица е лоцирана на 12км северо-западно од градот Струга.Се наоѓа на 1500 надморска височина. Селото е планинско и се наоѓа на планината Јабланица. Може да се пристигне со автомобил,велосипед и друго превозно средство или искачувајќи се пеш од Вевчани.
Вистинско место за рурален одмор и за природно ослободување од стрес. Недопрената природа, прекрасните пејзажи, прекрасните погледи кон планините, свеж воздух и изворска вода се вистинско уживање и релаксација. Извонредно место е и за авантуристи, планинари, велосипедисти.
Природна убавина која плени, борова и букова шума, чист планински воздух и единствена можност кога ќе се разбудите наутро првиот поглед да ви падне на Охридско Езеро. Ова го нуди селото Горна Белица, викенд-населба и воздушна бања.
Во селото се наоѓаат повеќе објекти кои се достапни за изнајмување. Нашиот тим ќе се потруди во наредниот период да ве запознае со сите. 
Денеска ве запознаваме со „Villa Bella di Supra“. Вилата има прекрасен поглед на планина, пријатен камин на дрва, 3 спални соби, 1 бања и 1 тоалет.
| Цена и телефонски број за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!