11.11.2022

Првиот тим билдинг со „Art and Wine“ ликовна колонија

Првиот тим билдинг со „Art and Wine“ ликовна колонија

Нема ништо поубаво од тоа кога команијата ќе ја прифати идејата на Кајак.мк за организирање на еден поразличен тим-билдинг настан во околината на Скопје. Ако веќе бараме компанија која важи за репер за тоа како треба да изгледа целодневен пикник настан во скопските рурални средини, таа компанија дефинитивно е „Support and Solutions Center MK“.


Среќни сме дека за првпат во Македонија имавме можност да организираме ликовна колонија на која заедно со вработените од компанијата учевме за основните техники на сликање на керамика. Ваквата колонија беше реализирана од младите и квалитетни уметници Бојан и Цветан.


За секој учесник на колонијата имавме обезбедено престрилки и црни гумени ракавици, како би изгледало тоа доста совршено, а како јаготка на шлагот ни беше виното кое ни го доставија неколку мали семејни винарии од Тиквешкиот регион.


Со еден збор, успеавме да ги искористиме последните топли сончеви зраци за оваа година, а со тоа да им дадеме уште една идеја на сите компании кои сакаат да ни се приклучат на нашите ликовни колонии кои ние ги именувавме како „Art and Wine“ а кои можеме да ги организираме во сите локални винарии, јавни места, приватни простории, градини или во природа.



Гледајќи ги фотографиите сигурно се прашувате каде го организиравме пикник настанот? Дел од вас кои постојано го следат Кајак.мк, сигурно веќе сте запознаени со „Кутракотна Дедо“, а за оние кои оваа ви е прво четиво, би сакале да ве запознаеме со „Кутракот на Дедо“, прекрасна приватна организирана оаза која е стационирана во село Бадар.


Па оттука, ако нам не прашате каде би можеле да го најдете мирот и спокојот од една страна, а приватноста и слободата од друга страна, тогаш дефинитивно нашиот одговор ќе биде „Кутракот на дедо“.


Покрај „Art and Wine“ колонијата, тимот на Кајак организираше и кратка работилница за изработка на дрвени сталажи за вино, а на која работилница учесниците имаа прилика да се запознаат со нашите занаетчии од резбарското атеље Зингибер, кои често им даваме поддршка преку нашите настани. За Зингибер сме пишувале доста, а за нас овие луѓе треба да ви бидат водилка за тоа како можете вашата љубов кон занаетото да ја претворите во дела кои ќе ви го чуваат потписот.


Пикникот не би бил идеален без скара и бургери. Ниту пак би бил идеален без пиво и музика. Ние за првпат успеавме да направиме добра комбинација од ди-џеј сет и електрична гитара која ќе го води караоке шоуто за кое оставаме да биде во приватните фиоки на компанијата. Што се однесува до музиката, имавме супер селекција од ChillOut, а покрај караоке забавата, овде беше и техно просторот за љубителите на електронскиот звук.

Денот прекрасен, многу гости, многу забава, дружење, игри и активности. Со еден збор, пикник кој ќе го паметиме.

Ви благодариме „Support and Solutions Center MK“, што ни ја дадовте довербата. Нова еко херој компанија која од денеска е дел од семејството на Кајак.мк 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колку навистина чини еден викенд во Македонија?

Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава

Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.

Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026

Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.

Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес

Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.

Coolcation тренд 2026: Летото се сели кон север и планинските дестинации

Европскиот туризам се менува со пораст на „coolcation“ трендот, при што патниците сè почесто избираат посеверни и планински дестинации за летен одмор поради поудобни температури, природа и поавтентични искуства.

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија