08.05.2020

Во Бугарија ова лето лежалките и чадорите на плажа ќе бидат бесплатни, а во Турција ќе се летува само во хотели со сертификат за здравствена безбедност

Во Бугарија ова лето лежалките и чадорите на плажа ќе бидат бесплатни, а во Турција ќе се летува само во хотели со сертификат за здравствена безбедност

Секоја од државите во регионот прави проценка и планови како и кога ќе ја започне летната сезона. Во таа трка на привлекувње на гости, пред се домашни, се чини предничи Бугарија. На денешниот брифинг за новинарите вицепремиерот на Бугарија изјави дека е донесена одлука додатоци за плажа – чадорите, лежалките, масите, да бидат бесплатни оваа година долж бугарското крајбрежје. Според Симеонов стартот на туристичката сезона е закажан за после 15 јуни, а до тогаш е пролонгиран периодот за изградба или подготовка на плажите.

Вицепремиерот на Бугарија информираше дека на барање на угостителите е донесена Одлука задолжителното растојание меѓу масите во угостителските објекти да биде 1,5, а не 2,5 метри. Персоналот ќе работи со визири, а не само со маски.


„Пандемијата ќе заврши и важно е како ќе излеземе од тоа економски. Економската криза ќе има димензија дури и врз демографијата. Луѓето кои нема да најдат шанса за работа во Бугарија, ќе се качат на првиот авион и ќе заминат. За една или две години ќе имаме проблем со работна сила. Помошта за туризмот и земјоделството треба да биде приоритет. Потребно е парите на бугарските граѓани кои користат туристички услуги тоа да биде за поддршка на нашиот туризам, а не да одат на одмор надвор од земјата. Земји како Грција, Турција размислуваат за мерки за привлекување туристи, да се подлажуваме “, повика Красимир Каракачанов.

Од друга страна, пак, од Турција стасуваат информации дека и покрај големиот број на заразени и починати во Турција, тие размислуваат за отворање, но и пролонгирање на туристичката сезона. Според турските тур оператори има области каде што нема случаи на коронавирус и таму ќе го стават акцентот на рекламирањето.

„Оваа година, за хотелите ќе се издаде посебен сертификат од министерството за туризам и здравство“, објаснува Џемал Лутфи, тур-оператор.

Тој вели дека голем број на туристи – над 95% – ги пренасочиле резервациите за крајот на летото, почетокот на есента.

„Кај нас сезона трае и во октомври и голем број туристи побараа да ги преместат резервациите за тој период. Во Турција, до крајот на октомври има сезона. Во септември и октомври температурата е меѓу 25 и 30 степени “, вели Џемал.

Од туристичките сојузи во Турција објаснуваат дека приемот на туристите ќе биде постепен. И со строги правила. Само во хотели со државен сертификат. Предвидено е да се стават стаклени прегради помеѓу седиштата во авионите и да се обезбедат растојанија помеѓу чадорите на плажите.

Сепак, според експертите за туризам, овие мерки можеби не секогаш ни гарантираат безбеден одмор на плажа и препорачуваат дека е најдобро ова лето да се остане дома.

Н.Д.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!

Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови

Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!

Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!