17.03.2021

Заедно со сопругата успеваме да ја промовираме традицијата во Кратово

Заедно со сопругата успеваме да ја промовираме традицијата во Кратово

Надвор пред дворот на куќата „Шанчева“ мирно си спие мачката и го очекува секој нов залак од вкусната храна која се приготвува во кујната. Во овој рустикален двор кој сопственикот Стевче Доневски го уредува се со цел да го пренесе традиционалниот начин на живеење во Кратово, владее мирот и спокојот.
Foto: Leina Anneli

Стевче е човек кој вложил труд за да привлече туристи во градот. На Google може да се забележат еден куп фотографии од странски туристи кои ги споделуваат на профилот на етно куќата и кои се импресионирани од она што го добиле од гостопримството.


Foto: Anna

Господинот Доневски со својата сопруга Валентина се одлучиле да купат стара рустикална куќа која е изградена пред 300 години, а чии дотогашни сопственици биле познати трговци на ткаенини во Солун и Дубровник.

По реставрацијата на куќата, тие се одлучиле да ги задржат сите стари традиционални елементи, како би можела ова куќа да зборува за минатото.

За семејството Доневски се слуша насекаде. Тие потекнуваат од селто Шлегово, чија семејна традиција на подготовка на специјалитети и рецепти е долга преку 250 години. Стефче и неговата сопруга Валентина веќе подолго време се дел од семејството на „Slow Food“, кои честопати организираат обуки за помладите генерации за начинот на подготовка на K’цаната сол, домашнот леб, погачата и специјалниот ржан леб.


Foto: jan tatara

Куќата „Шанчева“ веќе одреден период ја изнајмуваат заинтересираните гости кои имаат цел да ја проучат традицијата во Кратово. Самите тесни сокаци кои водат до куќата, нејзината прекрасна местоположба, дрвениот под и таван, дрвените скали и деталите како традиционалната облека и приборот, тепсиите и антиквитетите се работите кои говорат за начинот на кој се живеело во минатото. Тоа е причината поради која многу странски туристи доаѓаат да престојуваат овде.


Она што ја прави толку привлечна куќата се вештите раце на госпоѓата Валентина, без кои раце ова куќа не би го имала комплетниот дух.


Ако Стевче е задолжен за прием на гостите, Валентина е задолжена за подготовка на прекрасни традиционални јадења како што е домашното сирење, салатата од свеж зеленчук која во зависност од периодот може да биде дирекно набрана од нивната градина, печени пиперки со оцет од грозје, традиционалниот грав, вртената баничка, сушениот зеленчук и секако кцаната домашна сол.

Foto: Luis Barreto D

Прекрасни коментари за сопствениците пристигнуваат од сите страни на светот. Многумина велат дека тие се прекрасни луѓе со кои можете да наздравите со чаша вино и да направите добар муабет. Тие одлично го владеат и англискиот јазик, што преставува уште една предност во однос на привлекувањето странски туристи.  

Foto: Louis Baretto d

Кратово е одличен град за истражување. Може да посетите многу работи и да слушнете многу приказни за ова место. Многумина го нарекуваат „музеј на отворено“.

Недалеку од градот се наоѓа локалитетот „Куклица“ . На овој локалитет може да надјте камени фигури кои според научниците се создадени уште пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата.


Foto: Louis Baretto d

Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Македонците веруваат во легендата за „Свадвата“ која вели дека овде се одвивала свадба на која младоженецот кој бил бескрајно заљубен во една девојка, решил да се ожени со друга, поради што разочараната девојка ги проколнила младенците и тие се скамениле. Без разлика дали верувате во ова, треба да се има предвид дека ваквата “свадба“ е заштитена од Министерството за животна средина на Македонија.


Нашата препорака е барем еднаш во животот да го посетите Кратово. Малите градови се приказна сама по себе. Пред заминување од градот не заборавајте да си купите локални ракотворби или зачини. Ова е еден од најстарите градови на Балканот. Место познато како град на мостови и кули. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.