11.07.2021

Eдна од најубавите вили со базен на Тиквешко Езеро може да ја резервирате преку Кајак.мк

Eдна од најубавите вили со базен на Тиквешко Езеро може да ја резервирате преку Кајак.мк

Еј екипо! Тимот на Кајак.мк може да се пофали со уште една униката вила со базен која од денес е дел од нашата база. Запознајте се со вилата Princess Tikvesh Lake која е доста луксузна и која нуди бескончен поглед кон Тиквешкото Езеро. Ни следуваат месеци со изгор летни температури, а од тие причини ние се обидуваме максимално да ве разладиме со нашите предлози за бегство од урбаниот бетон.


Вилата е опколена со лозови насади и е една од најдобите приватни сместувања кои може да се начекат во овој регион.

Сигурно се прашувате што би правеле во регионот?

На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици. Од античкиот период, на овој простор се откриени повеќе наоѓалишта, како на пример: Римските гробишта кај с. Клиново и населбата Црквиште. Од средновековните наоѓалишта, познати се: населбата Тиквеш, пештерската црква „св. Лазар“ во близина на утоката на реката Каменица во Тиквешкото Езеро, Полошкиот манастир „св. Ѓорѓи“, пештерската црква „св. Марко“ во близина на с. Драдња) и др.


Во близината на селото Куманичево се наоѓалокалитетот Моминска карпа за кој постои легендата според која три девојки од селото Галиште, за да си ја спасат честа, се фрлиле од карпата. Пирота, за некоја да не се премисли, тие претходно си ги врзале косите во заедничка плетенка. Во близината на селото Моклиште се наоѓа манастир од XVI век, посветен на св. Никола.


Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“ од XIV век, богато украсена со фрески. За неа се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу слична со охридските црковни градби. Википедија извор.


Домаќините велат дека базенот може да се користи во текот на летната сезона додека сонцето е пуштено на максимум, а есента е доста уникатна за релаксација во градината и барот. Вилата е климатизирана и располага со бесплатен паркинг и Wi-Fi. Идеална е за семеен одмор, а внатрешноста располага со три сплани соби, дневна, ТВ, кујна и купатило. 

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.


Остави Коментар

Коментари

  • Darko

    11.07.2021 18:38

    Moze li da se rezervira za 1 ili 2 noki, I moze li tocna lokacija

Прочитајте повеќе

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.