14.07.2023

Хотел со прв инитимен и приватен театар во Македонија ги воодушевува своите гости со автентичноста

Хотел со прв инитимен и приватен театар во Македонија ги воодушевува своите гости со автентичноста

За луѓето кои бараат автентични сместувања во Македонија и за оние кои во текот на летната сезона ќе имаат гости од странство, нашиот тим ги советува да го посетат хотелот „Театар“ во Битола.


Изграден во стил на национална архитектура и лоциран во самиот центар на Битола, овој мал и семеен хотел настанува како идеја за промоција на македонската култура, архитектура и традиција.


Домаќините кои ни ги отворија вратите на хотелот велат дека под ист кров функционира и првиот независен приватен театар во Македонија, кој има сопствен простор и редовен репертоар. Истиот простор на театарот, со површина од 100м2 може да се користи како повеќенаменска сала за состаноци, конференции и предавања.


Хотелот привлекува со топлата домашна атмосфера, амбиентот во традиционален стил, исклучителната љубезност на персоналот и можноста на гостите да дојдат со своите миленици. Во склоп на просторот на хотелот се организираат и оброци (ручек/вечера) со кетеринг услуга во самиот двор на хотелот кој е приказна за себе и која овозможува пријатни седенки на отворено.


Хотелот има 10 соби, 5 апартмани и староградска куќа или со еден збор вкупно 43 легла. Повеќе информации за хотелот можете да најдете во базата на Кајак.мк или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?