24.07.2023

Во Македонија постои прекрасно бајковито сместување кое нуди незаменливо искуство

Во Македонија постои прекрасно бајковито сместување кое нуди незаменливо искуство

Локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија ги има многу. Тимот на Кајак.мк има цел за време на постоењето на платформата да успее да ве запознае со сите оние кои вреди да ги запознаете и чии приказни им вредат да ги слушнете.


Денеска ве водиме во село Орман кое се наоѓа на 2 километри од Охрид. Селцето се наоѓа на падините на Чекоштина, на околу 1,8 километри од Охридското езеро во воздушна линија и на 684 метри надморска височина.

Во самото селце на површина од околу 7000 м2 се наоѓа прекрасната нова дестинација која тимот на Кајак.мк ви ја препорачува како задолжителна на вашата листа на дестинации за посета. Станува збор за Chateau Orman, уникатно искористен простор за одмор, престојување, дегустација на разни локални производи и вино.


Ние разговаравме со Наташа, жената која ни ги отвори портите за светот на Кајак.мк и ни раскажа како од една замислена за создавање на приватна агроцелина каде ќе се одгледуваат повеќе зеленчукови и овошни производи кои можат да бидат послужувани на гостите, па се до прекрасни уникатни соби за престој, оваа место прераснално во туристичка дестинација која ретко може да се сретне во Македонија.


Наташа додава дека факт дека се лоцирани покрај течението на реката Даљан или Костелската река го прави ова место уникатно за туристите. Самата околина со шумски предел нуди можност за прекрасна прошетка, поминувајќи низ месноста Чекоштина каде што има лозови насади и поглед кон охридското езеро. Во близина на сместувањето се наоѓаат црквите Св. Наум во село Орман и Св. Еразмо, а на 1 километар се повеќето познати плажи.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија