12.12.2020
Престојувајте во Вертикал на Маврово: Идеално место за снежни денови!
Престојувајте во Вертикал на Маврово: Идеално место за снежни денови!
Еј здраво! Тимот на Кајак.мк денеска ве запознава со едно доста културно место. Хостелот Вертикан на Маврово. Знаеме дека хостелите се место каде најчесто можете да запознаете луѓе истомисленици, луѓе авантуристи и луѓе кои знаат како да го искористат своето време. За жал пандемијата се уште пркоси на масовниот туризам, но се надеваме на подобри времиња по месец март. 
Хостелот се наоѓа на фантастична локација. Сместен во селото Никифорово, кое е идеално за оние кои скијат. Оддалечен е само 6 километри од ски терените.
Доста интересна информација е дека ски центарот е лоциран на почетната точка за искачување на врвот Сандакташ на 1980 метри, а кој е највисок врв на планината Бистра, што е идеално место за тие кои не скијат, а сакаат слободното време од денот да го искористат за активности во природа. Нашиот тим предупредува дека секоја одлука за искачување на врвот во зимски услови, треба да биде одобрена и поддржана од планински водич. 
Оние пак кои сакаат да уживаат покрај езерото, треба да имат предвид дека хостелот е на само 5 минути пешачење од езерото.
Повеќе информации за хостелот, фотографии, цени и начин на резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!