18.03.2022

Приватен апартман во Банско достапен преку цела година

Приватен апартман во Банско достапен преку цела година

Патувачите кои веќе подолго време ја користат платформата на Кајак се со цел да добијат информации за разни сместувачки капацитети во земјава и странство, ја ценат нашата заложба и нашата посветеност во изнаоѓањето на сите детални информации за сместувачкиот објект кој го огласуваме. Нашиот труд ни помогна да започнеме да се прошируваме со сместувачки објекти кои се надвор од границите на Македонија.


Денеска сме среќни што за првпат во историјата на Кајак.мк огласуваме сместување во Бугарија. Станува збор за уникатен апартман во Банско, чија домаќинка Ивона вели дека е достапен за резервации во текот на цела година.

Ивона за себе вели дека сака да патува и да открива нови места, затоа смета дека Банско е регион кој секогаш нуди нешто ново.

За оние кои го немаат посетено Банско преку летниот период, треба да знаат дека ова гратче нуди многу активности. Почнувајќи од тури до езерото Муратово, врвот Муратов, езерото Безбог, врвот Вихрен и многу други локалитети. За оние кои не се љубители на планинарењето, може да го стартуваат автомобилот и да појдат до колибите на пикник, а на само 200 метри од хотелот има и можност за јавање на коњи, а пак недалеку од градот можете да ги посетите мечките кои танцуваат. 


Ивона го дели истиот мислење како тимот на Кајак, таа е посветена на промоција на активниот туризам и придобивките од него. За Банско вели дека повеќето го познаваат по скијањето, снегот и зимата, а од тие причини нејзина цел е да им докаже на македонските патувачи дека Банско е совршен во текот на цела година, особено на пролет и лето кога има доста атракции што може да се искористат.


Таа ни сподели фотографии како предлог активности кои може да се уживаат во текот на летната сезона во Банско. Од планинарење, возење велосипеди, забавни активности во природа и уживање во спа центарот.


Во склоп на апартманот:Green Life- Bansko гостите имаат на располагање ресторан, фитнес центар, бар, внатрешен и надворешен базен и сауна, а исто така има и адреналински парк кој може да го користат децата. 


Апартманот е идеален за еден или два пара или семејство со две деца. Располага со една спална соба и дневен престој во кој може да престојуваат деца.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија