09.11.2021

Модерна вила на Велешко езеро со базен и прекрасен поглед

Модерна вила на Велешко езеро со базен и прекрасен поглед

Дали има такви кои би сакале да скршнат до велешкото езеро познато како Младост и да уживаат барем на еден викенд? Доколку има такви патувачи кои редовно се на нашата платформа за патување нека кренат два прста и нека продолжат со читање на нашето денешно четиво бидејќи имаме нова уникатна вила која од денеска е дел од базата на Кајак.мк


За ова уникатна вила гарантираме дека ќе има куп резервации во текот на цела година. Нејзиното име е вила Луција и преставува нов и модерен објект кој се наоѓа на најчистите вештачки езера во Македонија. Езерото Младост е познато по многубројните летниковци, винарии, ресторани и кафулиња, како и пешачките патеки околу езерото кои ќе ви го направат активен денот.


Ова уникатна вила се наоѓа на тивко и мирно место и нуди делумен поглед кон езерото, а она кое за нас е најважно е дека вилата е добро позиционирана со прекрасен поглед за време на изгрејсонцата.


Домаќините кои ја отворија вратата за светот на Кајак.мк се погрижиле ова вила да одговори на сите барања на патувачите. Во самиот двор има игри за деца, а околината на вилата е исполнета со ресторани и кафичи каде би можело да се седне на ручек или вечера.


Вилата има приватен базен кој е наменет за летните периоди, а преку зимата таа нуди можност за активни прошетки надвор од градскиот метеж и врева.


Вилата има неколку студија и апатман. Сите имаат комплетно опремена кујна со фрижидер, шпорет, плотна, блендер, апарат за кафе и тостер како и комплет садови, ТВ, клима инвертер, комплет купатило со подно и ѕидно греење, удобни и нови лежаи, wi-fi, приватен базен со простор за деца со трамболина, туш кабина, летниковец со скара и маси и столови за пикник надвор околу базенот и сопствен паркинг за 7 возила.

Дел од студијата се со брачни кревети, а дел се поединечни легла. Апартманот има дневна соба со кревет на развлекување и спална соба. Во секоја соба има можност за плус еден кревет и бебешко креветче. 


Доколку сакате повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!