01.07.2022
Престојувајте во вила на 1600 метри надморска височина
Престојувајте во вила на 1600 метри надморска височина
Уште едно уникатно сместување за луѓето вљубеници во планината, активниот туризам, планинарењето, чистиот воздух и добрата храна. Домаќините кои прифатија да ги отворат вратите за патувачите на Кајак.мк велат дека вилата е идеално место за одмор во потполно мирно и зелено опкружување на сончевата падина под врвот Љуботен. Домаќинската атмосфера во вилата и мирот кој зрачи претставуваат идеално место за сите кои бегаат од секојдневниот и брзиот ритам на живот во поразличен и поопуштен свет. Мирот и незаборавниот поглед во текот на сите годишни времиња ги привлекува гостите, велат домаќините.

До вилата се стигнува од Тетово до Старо Село по асвалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат и маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Што значи дека доколку сакате да престојувате овде и да уживате во апсолутната слобода, ве чека доста авантуристички пат. Вилата се наоѓа на 1600 метри, истата е комплетно опремена почувајќи од паркинг, четири спални соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и дневен престој со TV. Со еден збор се што е потребно.

Во оваа вила, утринското кафе може да го пиете во друштво со планините, под дебела сенка да се ладите со егзотичен коктел, а кога вечерате, над вас моќно ќе бдее Љуботен.

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ. За оние кои им ги разгоривме страстите да го посетат, а можеби и искачат врвот Љуботен треба да знаат.

Љуботен е висок 2499 мнв. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен...Ова доволно зборува за него. Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. По неговите висини се движи царот на висините и неговиот чувар Љуботенскиот див јарец.

На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар на Балканот во Македонија и пошироко, а во него се издигнува величенствената Козја Карпа.

Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка,
Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река итн... Под самиот врв, се наоѓа и
туристички објект – односно ВИЛАТА ЉУБОТЕН. Од овој објект, искачувањето до
самиот врв трае околу 2 ипол часa. Треба да се спомене дека од овој објект
односно ВИЛАТА, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон Ливадичкото
езеро.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.