28.06.2022

Вила во Охрид со прекрасен панорамски поглед

Вила во Охрид со прекрасен панорамски поглед

Во базата на Кајак.мк од денеска е достапна за резервации „Вила Тема“. Кој веќе престојувал во вилата ги знае бенефитите, а кој допрва се запознава со неа, треба да знае дека предноста на ова сместување е просторниот тревен двор во кој има доста реквизити за деца, летниковец кој ги собира сите гости од вилата или со бројка до 28 лица.


Она што ја прави уште подобра вилата е прекрасниот поглед кон градот Охрид, Самоиловата тврдина и прекрасното охридско езеро.


Домаќините Даниела и Зоран кои ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека на нивните гости им го исполнуваат слободното време со доста уникатни моменти. Почнувајќи од фактот дека може да присуствуваат на час за приготвување ѓомлезе, да јават коњи, да им се подготви доручек по желба и уште многу други предности кои им се достапни на гостите.


Вила Тема се наоѓа на 755 метри надморска височина што ви дава до знаење дека овде ноќите се пријатни за седење во дворчето или на терасата. Секој му е потребно ваква свежина во овие пеколни денови, зарем не?


Домаќините се секогаш расположени да им споделуваат совети на гостите за тоа што е најинтересно и вредно за посета. За оние кои се вљубеници во активниот туризам овде е планината Галичица и исто така селото Рамне кои заслужуваат посета.


Како јаготка на шлагот е фактот дека вилата измајнува велосипеди за на планина или за во град, а за оние кои сакаат да се сочнаат во самиот тревен двор има поставено лежалки.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија