15.07.2021
На Пелистер сум како дома, а тоа ме исполнува со позитивна енергија
На Пелистер сум како дома, а тоа ме исполнува со позитивна енергија
Жените хероини, кои прават мали нешта од огромно значење за развојот и промоцијата на туризмот во Македонија, за тимот на Кајак.мк имаат посебно значење. Уште една личност која ја додаваме на нашата листа на локални херои е Ана Прекурака Котевска, која ни раскажува дека честопати знае и сама да се искачи на околните ниски планини во Македонија, а кое чувство на додека движи сама ја полни со енергија.

Приказната на Ана ја раскажуваме во еден залак. Намерата ни е да поттикнеме што е можно повеќе млади девојки да се одлучат за активен туризам, а своите мобилни телефони да ги користат исклучиво за потребата за кои се наменети.

Ана вели дека голем број на битолчани започнуваат со планинарење уште од седум годишна возраст. Местоположбата на која се наоѓа Битола им овозможува жителите да ја посетат баба Планина, Копанки и Пелистерските езера кои се одлична викенд дестинација.

Но кога станува збор за професионално планинарење, таа вели дека започнала во 2017-та година, кога е воедно и нејзиното прво искачување на врвот Пелистер. Енергијата што ја шири планината, природата и целиот еко систем се главните причини поради кои таа се одлучила на ваква животна промена.

Најчесто
планинари во помала група, а понекогаш учествува и на планинаски машрови, но
како што вели, честопати знае да прошета и сама до блиските локации на Баба
планина.
За неа Пелистер е уникатен по самата конфигурација на теренот. Борова, моликова шума, глацијални езера, камени реки, ендемски видови на пеперутки, достапни патеки за планинари, велосипедисти, совршени терени за зимски спортови…

Преку лето за Баба планина се карактеристични двете езера, Големо и Мало езеро, уште познати како Пелистерски очи, вели Ана. Тие се најпосетувани заедно со самиот врв Пелистер, но ги препорачува и Големо Врвче, особено со кампинг на зајдисонце и Искачување на Бојаџиев врв од село Брајчино покрај брајчинска река.

Ама додава дека не само Баба планина и Пелистер, туку треба да ги сакаме, одржуваме, да не ги загадуваме, да ги развиваме и промовираме сите планини и врвови во Македонија. Планините и врвовите посетувајте ги за да се запознаете со нивната мистичност и уникатност, а истовремено и да го откриете и дознаете вашиот карактер и сила.

За неа Баба
планина и Пелистер се како „дома“. Но ги препорачува за посета и Јабланица со врвовите Црн
Камен и Стрижак, со стартна точка од Лабунишки бачила. Овде е и планината Крчин
со Брвот Голем Крчин и стартна точка од село Битуше, а за поискусните планинари
ја препорачува Рибничката скала со кампинг на самиот врв.
Коментари
-
Ruža Nikolova
16.07.2021 09:32
Koj ne bil na planina ne znae shto e ubavina.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.