17.03.2020

Кина: Само по еден човек на ресторанска маса!

Кина: Само по еден човек на ресторанска маса!

Кинезите полека се враќаат на редовните секојдневни активности, откако коронавирусот во таа земја почна да стивнува, а во Вухан, епицентарот на вирусот, во изминатите 24 часа имало само еден новозаразен, пишува ммс.мк

Нормалниот животот се враќа, но иновативните и приспособливи Кинези воведуваат и нови правила заради подобра заштита. Така, рестораните низ големата земја воведоа политика „еден човек на една маса“ за да спречат ширење на короната откако луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови. На ресторанските маси стојат и напишани листови – „едно лице на маса“.„Не изгледа многу симпатично таа порака, но подобро е така заради безбедноста“, вели соственик на ресторан.

Таа практика ја воведуваат и некои универзитети, а други, заради превентива, храна на студентите ќе им служат на отворено. На фотографијата снимена е ресторанот на Технолошкиот умиверзитет Хенан, кој студентите ќе ги дочека со 300 трпезариски маси за 1.200 студенти на отворено.

Извор: https://mms.mk

СИТЕ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНА, СВЕТОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПРОЧИТЕТЕ ГО СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!