05.09.2020
Викенд дестинација: Коџаџик- куќата на Али Риза, таткото на Ататурк
Викенд дестинација: Коџаџик- куќата на Али Риза, таткото на Ататурк
Туристичкиот сервер и прв туристички агрегат за патување Кајак.мк ви го предлага Коџаџик како викенд дестинација. Коџаџик е село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар. Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија, на планината Стогово.
Предлогот е од Julijana Nikolova, чии фотографии се испратени во прелогот, освен насловната која е позајмена од википедија.
Меморијален центар „Коџаџик“- родната куќа на Мустафа Кемал Ататурк, основоположник на модерна Турција. Таткото на Ататурк, Али Риза ефенди (1839- 1888) е роден во семејството на Казли Хафез Ахмед, служел во турската војска и кон крајот на XIX век се преселил во Солун. Таму, се запознал со Зебеиде Ханим, со која покасно и се оженил. Нивниот син, Kемал Мустафа, се родил во родното село на неговата мајка, Лангаса. Големата желба да ја зачува врската со својот роден крај, Али Риза ефенди го испраќа својот син во военото училиште во Битола.

Според археолошките податоци и градежните материјали од остатоците на куќата, се предпоставува дека куќата на семејството на Kемал Ататурк е изградена според истиот терк како и останатите куќи во тој период.
Покрај остатоците од куќата, во нејзина близина се наоѓале и остатоци од друг станбен објект кои заедно представуваат една целина. Едната куќа е позната како семејна, а помалата е позната како роднинска. Нивните sидови биле изградени од кршен и необработен камен залепени со кал.

Родната куќа на Ататурк се наоѓа на североисточниот крај од селото Коџаџик, на карпест и стремен терен, со поглед кон тврдината Коџаџик.
Врз темелите на старата куќа е изградена спомен-куќата на семејството на Ататурк. Овој меморијален комплекс се простира на повеќе од 20 000 метри квадратни каде се изградени двете автентични куќи, семејната и роднинската, а во самиот двор е изграден и амфитеатар. Овој меморијален споменик е изграден од Министерството за култура и турската агенција ТИКА. Овој музеј е отворен на 19 мај 2014 со меѓудржавна свечена церемонија.


- Археолошки наоѓалишта
- Аџи Чорме Мемети — тумул од железно време
- Ѓурумлук — средновековна некропола
- Кале — старомакедонска, римска и средновековна населба
- Келица — средновековна населба
- Петко — средновековна населба
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
