26.12.2021
Ја обожаваме „Антена“, таа ни нуди поглед кој освојува
Ја обожаваме „Антена“, таа ни нуди поглед кој освојува
Елеонора Димковска е пример за тоа дека ако се вистински љубители на активниот туризам, истиот ќе може да го практикувате во текот на цела година. Заедно со уште двајца другари, Иван Крстевски и Александар Талевски денеска уживаа во срамежливите зраци на Антена, Пелистер од каде воедно ни ги испратија овие прекрасни фотографии.

Елеонора вели дека идејата да се искачат на Антена дошла спонтано, но дека тоа не значи оти не е потребна добра претходна подготовка. На сите млади и неискусни планинари им препорачува секогаш да бидат придружувани со искусни планинари кои се запознаени со условите на планината во текот на зимата.

Добрата опрема е најважниот
елемент кој мора да биде задолжителен при искачувањето на планината во зима и лето.
„Организацијата започна спонтано. Еден од другарите со кои бев заедно даде идеја да се искачиме пред Нова Година на Антена и така започна се. Идеата звучеше авантуристички и се разбира беше интересен предизвик за нас затоа што е зима и моментално има многу снег“, вели таа.

Планинарите ја обожаваат Антената затоа што ги храни со прекрасниот поглед. Се гледа Преспанското Езеро и Галичица. Исто така таму се наоѓа и споменикот на Мурато - прв македонец што го искачи Монт Еверест. Во однос на мерките за заштита особено во зима треба топла облека, добри чизми за заштита од снег, ветер и студ. Не се препорачува да се оди сам затоа што сепак планината е непредвидлива.

Тимот на Кајак.мк
секогаш ќе стои како добар промотор на ваквите локални херои кои ја промовираат
убавината на Македонија во текот на цела година.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Ново на kajak.mk: Ново водено адреналинско искуство на Охридското Езеро
kajak.mk носи ново водено искуство во Охрид – приватна eFoil обука со професионален инструктор и комплетна опрема на Охридското Езеро.