16.01.2021
Резервирајте ја планинската кoлиба „Царевец“ на Маврово каде што трае зимата!
Резервирајте ја планинската кoлиба „Царевец“ на Маврово каде што трае зимата!
За сите љубители на планината, снегот и планинските спортови, Кајак.мк им ја препорачува Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом која од денеска ја додаваме во нашата база.
Овој #cool објект се наоѓа во националниот парк Маврово. Објектот располага со 15 легла, од кои 12 во „дормитори“, три во приватно студио/апартман, а во текот на летото може да се постават безброј шатори. 
Кајак.мк со задоволство ви го препорачува местото, од причини што самите сопственици коишто работат со него, се пример за тоа како треба да функционира менаџментот на секој сместувачки капацитет во државата. Друштвени, комуникативни, млади и образовани. Владимир и Соња велат дека ова професија треба пред се да ја сакаш и да живееш со неа, а таа сама по себе ќе се развива во позитивна приказна.

(Фотографијата е направена пред пандемијата со Ковид-19)
Тие велат дека цел на постоењето на ваква колиба е да ги запознаат гостите кои се претежно странски туристи, со нашата културата, традицијата и историјата. Советите за тоа како да се помине квалитетно време во националниот парк Маврово ќе ги добиете од нив.
Владимир вели дека тие го живеат Маврово 365 дена во годината, според него само така ќе може да се понуди квалитетна услуга на гостите. Во зависност од сезоната може да се ужива во скијање, планинарење, планински велосипедизам, кајакарење, јавење коњи и друго.
И двајцата се обучени планински водичи, а Владимир е исто така лиценциран ски инструктор според интернационални ИСИА стандарди.
Тие велат дека нивното постоење во НП МАВРОВО е атракција сама по себе, доволно за да се одлучи еден турист своето време за одмор да го помине заедно со нив и со тоа што имаат тие да го понудат. 
| Повеќе инфо, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Коментари
-
Кајак Тим
28.03.2021 00:53
Anica, можете да ги погледнете во нашата база на приватни сместувања. За повеќе информации кликнете на последната реченица од текстот каде што пишува „ОВДЕ“. Продолжете да патувате.
-
Anica
27.03.2021 20:21
Kade tocno se naogjate ? I koja e cena za studioto ? Pozdrav Anica
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.