20.06.2023

Предлог викенд: Крушево за време на „When In Krusevo“

Предлог викенд: Крушево за време на „When In Krusevo“

Ако размислувате каде да го поминете викендот од 30.06 до 02.07 тогаш тимот на Кајак.мк ви дава предлог: When in Krusevo!

Единствениот планински град во Македонија, Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој  на едно место обединува музика, спорт и култура! Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 30 Јуни до 02 Јули, а организаторите ни ветуваат позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов!


Пред да продолжите со читањето, ѕирнтете ги сите сместувања во Крушево и не заборавајте да побрзате и да резервирате. Сместувањата можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.


Официјалното отворање започнува истиот ден со забава на отворено со најпознатиот бунтовник од македонската музичка сцена ДАНИ ДИМИТРОВСКА и својот бенд, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат FUNK SHUI, SHORTY P, DJ PATSIS, DJ Bapchu, ESTEPHANO, Totsilly. Целосната програма може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.

Имајќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, во фестивалот е вклучен и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.


Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од 5 километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.


Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и нема возрасна граница, но има љубов и интересни содржини за секој посетител, истиот претставува силен магнет како за професионалните спортисти и љубителите на адреналински спортови така за уживателите на забави. Но, со се она што го нуди може да го категоризираме и како фамилијарен фестивал.

Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за Спомен куќата на Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Никола Мартиновски.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.