20.05.2020

Официјално: Грција ги отвара границите на 15-ти јуни за македонците!

Официјално: Грција ги отвара границите на 15-ти јуни за македонците!

Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство до нашите туристички дестинации, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис го презентираше владиниот план за следните месеци за економијата, поддршката на работните места и туризмот, паралелно најави намалување на ДДВ-то.

-На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција, рече Мицотакис.


Matt Artz

Во однос на даночните олеснувања најави намалување од 24 на 13 отсто на ДДВ-то за секој вид на билети за превоз, бидејќи како што рече ја знае важноста „на поевтин превоз со автобус, брод или авион“. Дополнително, намалување на ДДВ-то ќе има и за кафето и безалкохолните пијалаци, како и за билетите за летните кина.

По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Од 1-ви јуни ќе може да се патува во Србија


Од 3-ти јуни ќе може да се патува во Италија

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!