24.04.2020
Теохарис: Се стремиме границите во јули да бидат отворени за туристите
Теохарис: Се стремиме границите во јули да бидат отворени за туристите
Атина, 24 април 2020 (МИА)– Се стремиме да можеме да отвориме во некој момент во јули. Ова, не може да биде се сите земји, за сите дестинации, го признавам тоа, но би требало барем да се обидеме да отвориме билатерална комуникација и патувања со некои земји, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за „Би-би-си“, јави дописничката на МИА од Атина.
Тој објасни дека за отворањето на границите, постои дискусија со здравствените експерти, кои ќе го имаат последниот збор.
(ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти)
Сега сме во процес на разработка на протоколите кои ќе бидат доставени до експертскиот комитет и се надеваме дека ќе ни дадат одобрение постепено да отвораме, рече грчкиот министер.
Теохарис во интервјуто објасни дека грчкиот туризам по првите два месеци од годинава со раст од 24 отсто, од март до сега е целосно запрен и изрази надеж дека ќе може да се спроведат безбедни здравствени процедури, односно заедничка рамка на правила „кои што ќе дозволат или на билатерално или на европско ниво да се патува и да се оди на некаков вид на одмор“.
Извор: https://mia.mk
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола
Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти
Виз Ер најавува дека од 17 Мај повторно ќе лета од Скопје
Можни се здравствени пасоши за летување во Грција: Задолжително тестирање
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!