12.08.2022
Предлог викенд дестинација: Село Требеништа
Предлог викенд дестинација: Село Требеништа
Покрај летните одмори, сигурно чувствувате потреба да ги
искористите сончевите викенди во месец август за патување и откривање нови
дестинации во Македонија.
Денеска ќе ве запознаеме со село Требеништа кое се наоѓа во општина Дебрца. Ова село се граничи со Волино, Мислешево, Горенци, Ливоишта и Мешеишта. До селцето ќе стигнете лесно бидеќи е на самиот пат кој ги поврзува Охрид и Кичево, а се наоѓа во непосредна близина на Струга.
Требеништа е поделено на три маала и тоа горно, средно и долно маало. Во близина на селото се наоѓа познатата Требенишка некропола. Според податоците на Паско Кузман од книгата "Уметноста на Требеништа" во движниот фонд од некрополата "Требеништа" се евидентирани 825 археолошки предмети, од кои 258 се чуваат во Археолошкиот музеј во Софија, 187 во Народниот музеј во Белград и 380 во Народниот музеј во Охрид. Од сите златни предмети нај впечатливи се четирите златни маски преку кои тогашните жители сакале да се докажат дека во задгробниот живот ќе седат во друштвото на боговите.
На југоисточната страна над селото се издига висок рид со надморска височина од 1.080 м, со кој практично завршува Вишовска Планина. Врвот му е зарамнет и на него се гледаат остатоци од ѕидови на тврдина, градена од кршен камен и варов малтер, на кои се распознаваат неколку фази на градба и интервенции. По целата површина на населбата се забележуваат фрагменти од керамички садови од различна временска и културна провениенција.
На 1 километар од селото се наоѓа Требенишкото езеро. Настанато е во 1963 година како последица на лизгање на земјштето и преградување на реката со што се отвора голема дупка и таа е исполнета со вода така е настанато езерото. Езерото е погодно за риболовен и рекреативен туризам.
Фотографиите и информациите ни ги испрати Тина Недеска, како дел од кампањата на Кајак.мк за промоција на селата во Македонија.
Фотографиите се преземени од: hikingadventures.mk
Коментари
-
Sonya
03.04.2024 07:25
My young fellow from Trebenishta. My beautiful village whe I never forget. For me you look very young. I like to see how look before the earthquake. Around the lake. I am sure your father will be to remember those things. Or maybe your grandfather. Naume Yordevski is my father family. When we to come to Australia to live we leave Naume there to live. My father name is Naume Petrovski. And in this video is the double story house where I live and grow up. I want to see if the father of my father will remember anything about Trebenishta before the earthquake. I am Sonya Petrovska and I am 76 years old. My father died 17 years before. Again I would like to see what your father does remember before the earthquake. Young man I drink water from the church there. We are not there from 1957. In this photo opposite my father house is vodenca za brashnoto kade se meleshe. Ask your father please if he remember this. Write for me in Macedonian I understand everything. Please can you ask this man to give you the map of Trebenishta? I am interested in this too much. And you to please send to me. Thank you very much. Sonya.
-
Vangel
05.09.2022 16:32
To whom it may concern. Yasum Vangel. I am looking for some photos or a map of Trebenista. Between the bridge (A2 Highway) and Trebenista (Boban) Lake. I am looking for a map or photos around the lake and of the houses next to the lake. Is there any map of Trebenista lake and the house near the lake before 1963? The first house there was moy dedo. Naume Petrovski. When he come to Australia he sold or given to his family to live there I do not remember very well. My dedo was born in Trebenista. Dedo live with Babo and four children. I try to look at Trebenista but I cannot find how to look around the lake from a long time ago. Around there have five or six houses my dedo owns. My dedo helps the church in Trebenista. A kukia there was own by Naume Yordeski. If you have any photos before 1983 you can email me please I will appreciate it very much. Falam nogu. Vangel [email protected]
-
Dimce Biceski
15.08.2022 22:58
Ezeroto go imame poribeno jas tatkomi. Fakavme rini vo Ohrudsko exero i vk kofa zivi gi nosevme i gi frlavme vo ezeroto.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед
NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.
Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој
Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.
За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци
Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.
Нова планинска куќа во село П’клиште
Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.
Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево
Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.
Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна
Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.