15.06.2020

„ВИЗ ЕР“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Македонија

„ВИЗ ЕР“ ја продолжи до 13 јули суспензијата на сите летови од и до Македонија

Нискобуџетна авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 13. следниот месец, пренесува Телевизија 24.

-Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.  Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението.

Министерот за транспорт Горан Сугарески минатата денела изјави дека се разговара, но оти се уште е рано за одлука за отворање на аеродромите.

– Се разговара, но се уште е рано да се донесат такви одлуки, од страна на ТАВ беше побарано во наредниот период да се соопшти доколку Владата и Кризниот штаб одлучат да ги отворат, бидејќи ќе им требаат седум до 10 дена за тестирање. Се уште нема таква одлука, рече Сугарески.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродром Скопје.

Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродормот Скопје.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!