29.05.2020
Грција поделена на 3 зони на ризик
Грција поделена на 3 зони на ризик
Грчката влада започна со посебна подготовка за туристичката сезона. Земјата е поделена на три зони на ризик врз основа на достапноста на здравствените установи и капацитетите за тестирање и лечење од вирусот Ковид-19.
Трите зони на ризик од Ковид-19 се следни:
Зона А или зона со низок ризик:
Ги опфаќа копнените делови од Грција и островот Крит каде постои развиен здравствен систем и од сите дестинации има лесен пристап до здравствени установи – истите се оддалечени максимално два часа со брод или автомобил. На оваа зона припаѓаат и островот Евија и островите Егина, Порос, Агистри, Хидра и Спецес (најблиски до Атина).
Тука се секако вклучени летувалиштата на Халкидики и областа Пиериа.
Зона Б или зона со умерен ризик:
Ги опфаќа островите Санторини, Парос и Родос како и Североисточните Егејски острови (Хиос, Самос, Икариа, Лимнос, Лезбос).
CALIN STAN
Зона Ц или зона со висок ризик:
Островите и дестинациите кои имаат само основна здравствена инфраструктура или ја немаат воопшто. На овие дестинации Ковид-19 ќе се санира со помош на пловечки медицински единици организирани од Националната организација за јавно здравје.
Во меѓувреме, Националниот центар за итна помош, почна со спроведување на својот акционен план за островите нарачен S.A.F.E., чија цел е да се осигура подготвеност на болниците, здравствените домови, регионалните и островски клиники, крајбрежната стража. Властите обезбедуваат обука на сите здравствени работници за корона вирусот.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!