02.03.2021
Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика
Резервирајте шармантна традиционална македонска куќа со поглед кон Радика
Во селото Јанче, со векови наназад, традиционалните македонски куќи се реновираат од страна на локалното население, користејќи локални камења, дрва и еспертиза од локалните стари чувари на тајната за шармот на куќата. Кајак.мк ви го препорачува ова село кое е идеално за посета на пролет и лето. Не заборавајте да си понесете хариена вреќа за отпадоци доколку се одлучите да пешачете низ шумата.
Во Јанче се наоѓа „Radika View House“ која од денеска е дел од нашата база. Ова куќа е доста уникатен сместувачки капацитет кој на GOOGLE REVIEW е оценето со 4.8 оценка.

Во текот на пролетниот и летниот период гостите може да ја користат градината за медитација или за скара.
Без разлика кој период од годината ќе се одлучите да ја посетите ова куќа, јужниот поглед од терасата кон долината на река Радика е феноменален во секоја сезона.

Региоонот нуди повеќе автентични туристички атракции. Близу јанче се наоѓаат и водопадот Дуф, манастирот Свети Јован Бигорски, мостот Елен скок на Тресонечката река и глацијалното езеро Локув. Секоја година во селото се одржува фестивал на питата, каде што се собираат вештите кулинари од сите околни села во реканскиот крај и се натпреваруваат кој ќе ја подготви највкусната пита.

Наш совет е да го вкусите чајот од планинските билки и да го вкусите мавровското сирење од непастеризирано млеко. И, секако, да се опуштите под прекрасното ѕвездено небо.
| Повеќе информации за вилата, телефонски број за контакт и фотографии, можете да најдете со еден клик ОВДЕ. |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!