16.08.2020

Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка

Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка

Ако во зимскиот период белата боја на снегот ја доловува убавината на Попова Шапка и Шар Планина, во лето сите останати бои се таму во разни облици и ја претставуваат привлечноста на овој центар и планина. Месеците јули и август е времето кога на падините околу Попова Шапка речиси сите посетители се во потрага по црвената боја на шумските јаготки или темносината на боровинките. Нив ги има насекаде и претставуваат главна занимација на посетителите без разлика дали се таму на еден или повеќе денови.



Сето шаренило на бои на Шара и нејзината убавина во лето може да се откријат движејќи се кон поддалечените предели, падини и врвови во близина на Попова Шапка скијачки и рекреативен центар кој и во зима и во лето е најзначајна логистичка точка за сите видови активности и доживувања на планинскиот масив.


-Попова Шапка претставува голем профил и потенцијал за планински туризам иако е наша локална дестинација. Во лето освен прошетка, веќе има организирани активности кои ги нудат повеќе оператори. Тоа се возење на планински велосипеди, јавање коњи, дегустација на локални производи како што се овчо сирење, биено сирење, качамак, кисело млеко. Потоа од шумските плодови да се пробаат чаеви, ракија, слатко, мармалади и сокови. Во околината на Попова Шапка се овдешните бачила каде се произведуваат млекото и млечни производи од овци, а и самите посетители можат да пробааат и доживеат што значи пасење, молзење и складирање на млекото, вели Методи Чилиманов, наш водич низ Попова Шапка од „Шар Аутдорс“, фирма специјализирана за планинско и авантуристички туризам.


Заедно со неговите колеги група посетители на Попова Шапка, заминуваме со електрични планински велосипеди и запознавање на Шара поточно околината на зимско-рекреативниот центар. Од викенд населбата во правец кон месноста Јелак и позади Црн врв на 1890 метри надморска височина,дестинација е бачилото и биофарма „Први Мај“. Користиме специјално дизајнирани велосипеди за на планина кои имаат и батерија што дава енергија на моторот кој помага на преносот (педалите) на велосипедот. 

Пишува: 
Александар Самарџиев 



Дали можеби сакате да отпатувате на море без PCR тест? Ние имаме понуди од 139 евра! Тргнување секоја недела со 5 ноќевања и превоз!

Инфо на: 076 791 157 или со еден клик ОВДЕ





Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!