14.08.2022

Викендица на Матка во близина на реката Треска

Викендица на Матка во близина на реката Треска

Опколени со зеленила, прекрасна природа и активности во неа, добро друштво, пиво и целодневен лаф-муабет. Ова е добитната комбунација за многу патувачи скоро секој викенд.

Затоа тимот на Кајак.мк настојува повеќето сместувања да ги нудат ваквите комбинации, како би ви обезбедиле уште една опција за викенд скривалиште.


Со ова четиво нема да ве оведеме далеку, но ќе ви докажеме дека околината на Матка нуди уникатни сместувачки капацитети кои може да бидат ваш привремен викенд дом.

Денеска во нашата база ја додаваме „Вила Јованов“ која се наоѓа на влезот на викенд населбата Долна Матка, по самата автобуска станица на 40 метри низ капијата.


Ова куќа е поставена изолирано од другите куќи и се наоѓа во прекрасна природа. Самиот поглед од куќата е насочен дирекно во планината Водно, а на само 40 метри пред куќата тече реката Треска до каде може да се сригне од самата куќа.

Домаќинот Иван кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека ова куќа е наменета за викенд посети, но има можност и за подолготраен престој. Идеална е за оние кои работат од дома бидејќи делува смирувачки и има прекрасен двор и амбиент, а за преку зима, вилата има камин кој дава посебна топлина.


Близината на реката Треска создава постојан шум кој заедно со целокупната природа создава нестварен амбиент.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!